Воената академија, во период од 20 до 21 Септември 2023 година, беше дел од организацискиот одбор и учестувуваше во реализацијата на дводневна работилница од областа на сајбер безбедноста со наслов „Глобални дијалози за сајбер-политика: сајбер дијалог во Западен Балкан 2023“ која се реализираше во Холидеј Ин Хотелот во Скопје.
Работилницата беше организирана во коорганизација на Министерството за одбрана, Воената академија, Истражувачка Фондација Обсервер од Америка, Министерството за надворешни работи на Кралство Холандија и Фондацијата Метаморфозис, и на истата учество земаа преку 50 учесници од владата, граѓанското општество, академијата и приватниот сектор од целиот Западен Балкан. Главната цел на состанокот беше да се поттикне вистински и отворен дијалог меѓу учесниците од различни сектори и позадини. Овој настан е надоврзување на претходните координативни дискусии, креирајќи прегледот на регионални иницијативи, идентификување приоритетни потреби и дискусија и давање на конкретни идеи за подобрување на транспарентноста и соработката за иницијативите за градење на заеднички капацитети.
Огласи
Конкурси
Соопштенија
:en professor from the military academy among the world’s elite experts in dealing with the challenges from the terrorists’ use of cyberspace : :mk професор од воената академија меѓу светската елита од областа на справување со предизвиците од користењето
12.02.2015
Professor from the Military academy among the World’s elite experts in dealing with the challenges from the Terrorists’ use of cyberspace Професор од Воената академија меѓу светската елита од областа на справување со предизвиците од користењето на сајбер просторот од страна на терористите во НАТО Центарот во Турција
Билтен на Воената Академија бр.67
06.02.2015