Огласи

Конкурси

Соопштенија

Посета од страна на сајбер делегација од Израел „Improvate“ на Воена академија

01.11.2022
На 26.10.2022 година, во просториите на Воена академија, беше остварена посета на сајбер делегација во рамките на израелска компанија „Improvate“. За време на посетата беа презентирани израелските иновативни технологии за сајбер безбедност и различни решенија при разни сајбер сценарија и предизвици.

Свечена промоција на потпоручниците од 22-та. класа и свечена заклетва на 26-та класа питомци во Воената академија

21.10.2022
На воена свеченост во Касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, денес 21.10.2022 година се промовираа 18 офицери на Армијата од 22-та класа, во чин потпоручник и свечена заклетва дадоа нови 31 питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ од 26-тата класа.

Решение за прием на кандидати по реализиран втор приемен рок согласно конкурс за запишување студенти/питомци 2022

06.10.2022
Решение за прием на кандидати по реализиран втор приемен рок согласно Конкурс за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Северна Македонија и студенти за потребите за управување со кризи на прв циклус студии на Воената академија Генерал Михаило Апостолски Скопје во учебната 2022/2023 година

Вториот модул на Регионалниот курс за стратешко лидерство успешно реализиран во организација на Воената академија

05.10.2022
Високи претставници од Австрија, Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Србија и Црна Гора во периодот од 03 до 07 октомври 2022 година учествуваат во вториот модул на Регионалниот курс за стратешко лидерство, организиран од страна на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје со поддршка од австриската Академија за национална одбрана.

Реализација на втора работилница во склоп на проектот „Future Classrooms’ Leadership“ во согласност со Еразмус+KA220

03.10.2022
Претставници од Воената академија земаа учество на втората работилница во склоп на проектот „Future Classrooms’ Leadership “, во согласност со Еразмус+ KA220, која се реализираше во Софија, Р. Бугарија, во период од 26-30 септември.

Решение за измена на решението за прием на кандидати по Конкурсот за запишување студенти/питомци 2022

20.09.2022
Решение за измена на решение за прием на кандидати по Конкурсот за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија, и студенти за потребите за управување со кризи на прв циклус студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје во учебната 2022/2023 година бр. 02-3571/4 од 29.08.2022 година