Огласи

Конкурси

Соопштенија

Оглас за упатување на питомци од Воената академија во Скопје на "Интернационална питомечка недела" на Одбранбена академија во Приштина, Република Косово

26.01.2024

Оглас за упатување на питомци од Воената академија во Скопје на "Интернационална питомечка недела" на Одбранбена академија во Приштина, Република К

Оглас за упатување на питомци од Воена академија во Скопје на "8-та Интернационална питомечка недела" на Националната одбранбена академија во Гори, Република Грузија

22.01.2024

Оглас за упатување на питомци од Воена академија во Скопје на "8-та Интернационална питомечка недела" на Националната одбранбена академија во Гори,

Соработката со партнерите – еден од клучните приоритети на Воената академија

25.12.2023
Во рамки на регионалната соработка и соработката која Воената академија ја остварува преку програмата Еразмус+, делегација предводена од Деканот на Воената академија ја посети Поморската воена академија „Н. Ј. Вапцаров“ во Варна, Р. Бугарија во периодот од 18-22 декември 2023 година. За време на посетата претставниците од Воената академија имаа можност да учествуваат во активности поврзани со едукација и обука, како и да остварат средби со раководството на Поморската воена академија, разгледувајќи ги можностите за проширување и продлабочување на веќе воспоставената соработка.

РЕАЛИЗИРАН ФИНАЛНИОТ ТРАНСНАЦИОНАЛЕН СОСТАНОК ОД ЕРАЗМУС+KA220 ПРОЕКТОТ „FUTURE CLASSROOMS’ LEADERSHIP“

16.12.2023
Во период од 10-13 Декември 2023 година, во  Токат, Р. Турција се реализираше финалниот транснационален состанок од Еразмус+KA220 проектот во организација на партнерот од Турција - Tokat Milli Piyango İhya Balak Fen Lisesi ! Активноста започна со топло добредојде од нашиот турски домаќин како и со презентација за убавините на Токат. За време на Транснационалниот состанок се дискутираа реализираните проектни активности како и останатите активности кои треба да се завршат до крајот на проектот, вклучувајки го и финалниот извештај.  Дополнително, на беше презентиран и дискутиран прогресот на планот за одржливост и дисеминација.

Регионален состанок на родови обучувачи

11.12.2023
Во периодот 5-6 декември 2023 година во Будва, Црна Гора, се одржа 8. Регионален состанок на родови обучувачи. Состанокот беше организиран во рамките на проектот на UNDP/SEESAC„Поддршка за вклучување на родовите аспекти во реформата на безбедносниот сектор во Западен Балкан“, чија цел е да им помогне на министерствата за одбрана во Босна и Херцеговина, Република Македонија, Црна Гора и Србија да ја интегрираат родовата еднаквост во реформата на безбедносниот сектор преку регионална соработка. Темата за оваа средба беше „Род, подготвеност за катастрофи и помош - улогата на вооружените сили“.

Воената академија домаќин на партнерски состанок и практична обука во рамките на проектот СЕТОФФ

05.12.2023
​​​​​​​Воената академија во соработка со претставници од партнерските организации во рамките на проектот СЕТОФФ од Белгија, Грција и Шпанија имаа можност да разменат искуства, знаења и идеи за време на редовниот партнерски состанок одржан во организација на Воената академија од 3 до 6 декември 2023 година во Охрид. Главнaта цел на проектот СЕТОФФ е подобрување на подготвеноста и безбедноста при работа на секторите за управување со кризи и заштита и спасување, како и инкорпорирање на приватниот сектор во процесот на справување со идните кризи и итни случаи преку развој на иновативна наставна програма за е-обуки базирана на успешно тестиран и имплементиран модел на симулација во комбинација со најновите научни сознанија и сеопфатна анализа на потребите за обука и едукација