Во периодот 5-6 декември 2023 година во Будва, Црна Гора, се одржа 8. Регионален состанок на родови обучувачи. Состанокот беше организиран во рамките на проектот на UNDP/SEESAC„Поддршка за вклучување на родовите аспекти во реформата на безбедносниот сектор во Западен Балкан“, чија цел е да им помогне на министерствата за одбрана во Босна и Херцеговина, Република Македонија, Црна Гора и Србија да ја интегрираат родовата еднаквост во реформата на безбедносниот сектор преку регионална соработка. Темата за оваа средба беше „Род, подготвеност за катастрофи и помош - улогата на вооружените сили“.
За да се намалат несразмерно негативните влијанија на катастрофите врз жените и девојчињата, Менаџирањето со ризик од катастрофи мора да биде родово одговорно. Вооружените сили можат да играат значајна улога во подготовката и одговорот на катастрофи од големи размери преку идентификување на родовите бариери, развивање на соодветна подготвеност и планирање за одговор и воспоставување силни рамки за одговорност за мониторинг и евалуација.
Родовата обука претставува еден од клучните предуслови за родово-одговорна подготвеност при катастрофи, и како што беше заклучено на состанокот, таа треба да го олесни вклучувањето на следните клучни аспекти на подготвеноста и одговорот при катастрофи:
- Разбирање на родовите импликации,
- Родово-одговорна подготвеност,
- Вклучување на жените во закрепнувањето,
- Улогата на вооружените сили во хуманитарната помош, и
- Родови стандарди.
Воената академија ја претставуваше Александар Грижев, вонреден професор, сертифициран родов обучувач.