РЕАЛИЗИРАН ФИНАЛНИОТ ТРАНСНАЦИОНАЛЕН СОСТАНОК ОД ЕРАЗМУС+KA220 ПРОЕКТОТ „FUTURE CLASSROOMS’ LEADERSHIP“

16.12.2023

Во период од 10-13 Декември 2023 година, во  Токат, Р. Турција се реализираше финалниот транснационален состанок од Еразмус+KA220 проектот во организација на партнерот од Турција - Tokat Milli Piyango İhya Balak Fen Lisesi !

Активноста започна со топло добредојде од нашиот турски домаќин како и со презентација за убавините на Токат.

За време на Транснационалниот состанок се дискутираа реализираните проектни активности како и останатите активности кои треба да се завршат до крајот на проектот, вклучувајки го и финалниот извештај.  Дополнително, на беше презентиран и дискутиран прогресот на планот за одржливост и дисеминација.

За време на состанокот во Tokat Yesilirmak Vocational Highschool се реализираше презентација  за развој на видеоигри и употреба на VR технологијии во образование како и твининг проектот за развој на училници од иднината.

Како културна компонента од состанокот, учесниците имаа можност да се запознаат со стариот дел на Токат, областа Зиле и пештерата Балика.

На 13 Декември, како дел од активностите од проектот се реализираше и мултиплaер настан.

Проектот се реализира во период од Март 2022 до Март 2024 година. Учесници во проектот се претставници од Р.Полска како координатор и партнери од Р. Бугарија, Р. Романија, Р.Турција и Р. Италија. Главнaта цел на проектот е да се пополни јазот во дигиталната компетентност на партнерите, со инкорпорирање на дигитални алатки, како и да се развијат вештини за комуникација и соработка со институциите на ЕУ.