Вести

  • 28.02 2024Реализирана официјална посета на делегација Aмбасадорот и военото аташе од Република Австрија
    На ден 27.02.2024 година остварена е официјална посета од страна на амбасадорот на Република Австрија  Г-дин Мартин Памер и военото аташе полковник Кристијан Смутек. За време на посетата беа дискутирани конкретните аквивности кои ќе се реалзираат во 2024 година. Како едни од клучните заеднички активности кои се дискутираа се Регионалниот курс за стратешко лидерство и кој се реализира 3 година по ред со поддршка на Австриската Академија за национална одбрана. Заеднички активности со Европскиот колеџ за безбедност и одбрана (ESDC -European Security and Defence College) и Австриска академија за национална одбрана.
  • 1
    23.02 2024Деканот на Воената академија поканет како експерт за сајбер безбедност да спроведе обука во македонските јавни институции
    Проф. д-р Митко Богданоски, декан на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, ја покажа својата експертиза како водечки авторитет во сајбер безбедноста за време на соработката за обука организирана за македонските јавни институции. Во партнерство со Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (DCAF), настанот имаше за цел да ги зајакне државните службеници, ИТ персоналот и менаџерите со основни знаења и вештини за сајбер безбедноста.
  • 10.02 2024ПОСЕТА НА АМБАСАДОРОТ НА РЕПУБЛИКА УНГАРИЈА НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА
    Воената академија на 7-ми февруари беше домаќин на амбасадорот на Република Унгарија, неговата екселенција господин Андраш Клеин и унгарското одбранбено, воено и воздухопловно аташе, потполковник Ласло Надаш. На почетокот на дискусијата, амбасадорот истакна дека целта на неговата посета на Воената академија е иницијативата на реномираниот Национален универзитет за јавна служба од Будимпешта за воспоставување на соработка со високо образовна институција од Западен Балкан особено во делот на сајбер безбедноста. Во таа насока, од нивна страна, Воената академија е препознаена како лидер во областа на сајбер безбедноста во регионот и изразија интерес за заедничка организација на активности за обука на кадар, како и размена на студенти и професори во таа област.
  • 06.02 2024Потпишан Меморандум за Соработка помеѓу Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“- Скопје и Организацијата на резервните офицери 

    Во насока на поттикнување на соработката меѓу академскиот и одбранбениот сектор, Воената академиј

  • 29.01 2024ТРЕТ ТРАНСНАЦИОНАЛЕН СОСТАНОК ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ SETOFF
    Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје учествуваше на третиот транснационален состанок организиран во рамките на проектот SETOFF (Smart Education and Training PrOgram For central and local government servants: Embrace vulnerability as our greatest and innovative tools For risk management) на 22 и 23 јануари 2024 година во Брисел, Белгија. 
  • 25.12 2023Соработката со партнерите – еден од клучните приоритети на Воената академија
    Во рамки на регионалната соработка и соработката која Воената академија ја остварува преку програмата Еразмус+, делегација предводена од Деканот на Воената академија ја посети Поморската воена академија „Н. Ј. Вапцаров“ во Варна, Р. Бугарија во периодот од 18-22 декември 2023 година. За време на посетата претставниците од Воената академија имаа можност да учествуваат во активности поврзани со едукација и обука, како и да остварат средби со раководството на Поморската воена академија, разгледувајќи ги можностите за проширување и продлабочување на веќе воспоставената соработка.
  • 16.12 2023РЕАЛИЗИРАН ФИНАЛНИОТ ТРАНСНАЦИОНАЛЕН СОСТАНОК ОД ЕРАЗМУС+KA220 ПРОЕКТОТ „FUTURE CLASSROOMS’ LEADERSHIP“
    Во период од 10-13 Декември 2023 година, во  Токат, Р. Турција се реализираше финалниот транснационален состанок од Еразмус+KA220 проектот во организација на партнерот од Турција - Tokat Milli Piyango İhya Balak Fen Lisesi ! Активноста започна со топло добредојде од нашиот турски домаќин како и со презентација за убавините на Токат. За време на Транснационалниот состанок се дискутираа реализираните проектни активности како и останатите активности кои треба да се завршат до крајот на проектот, вклучувајки го и финалниот извештај.  Дополнително, на беше презентиран и дискутиран прогресот на планот за одржливост и дисеминација.
  • 11.12 2023Регионален состанок на родови обучувачи
    Во периодот 5-6 декември 2023 година во Будва, Црна Гора, се одржа 8. Регионален состанок на родови обучувачи. Состанокот беше организиран во рамките на проектот на UNDP/SEESAC„Поддршка за вклучување на родовите аспекти во реформата на безбедносниот сектор во Западен Балкан“, чија цел е да им помогне на министерствата за одбрана во Босна и Херцеговина, Република Македонија, Црна Гора и Србија да ја интегрираат родовата еднаквост во реформата на безбедносниот сектор преку регионална соработка. Темата за оваа средба беше „Род, подготвеност за катастрофи и помош - улогата на вооружените сили“.
  • 05.12 2023Воената академија домаќин на партнерски состанок и практична обука во рамките на проектот СЕТОФФ
    ​​​​​​​Воената академија во соработка со претставници од партнерските организации во рамките на проектот СЕТОФФ од Белгија, Грција и Шпанија имаа можност да разменат искуства, знаења и идеи за време на редовниот партнерски состанок одржан во организација на Воената академија од 3 до 6 декември 2023 година во Охрид. Главнaта цел на проектот СЕТОФФ е подобрување на подготвеноста и безбедноста при работа на секторите за управување со кризи и заштита и спасување, како и инкорпорирање на приватниот сектор во процесот на справување со идните кризи и итни случаи преку развој на иновативна наставна програма за е-обуки базирана на успешно тестиран и имплементиран модел на симулација во комбинација со најновите научни сознанија и сеопфатна анализа на потребите за обука и едукација
  • 30.11 2023Успешно реализирана работилница „Предизвици и барања за ефикасна сајбер безбедност во ЈИЕ“
    Во периодот 20-21.11.2023 година, во RACVIAC – Центар за безбедносна соработка, беше реализирана работилницата „Предизвици и барања за ефикасна сајбер безбедност во ЈИЕ“, која е прва активност во проектот „Зајакнување на отпорноста на ЈИЕ во сајбер безбедноста против хибридни закани“. Работилницата беше организирана од страна на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во соработка со RACVIAC – Центарот за безбедносна соработка на која учествуваа 6 еминетни предавачи и 20 учесници од земјите од Југоисточна Европа. Од Република Северна Македонија водачи на панели беа проф. д-р Митко Богданоски, вон. проф. д-р Методи Хаџи-Јанев и вон. проф. д-р Димитар Богатинов.
  • 1
    27.11 2023Работилница на тема: МОДЕЛИ И ПРИНЦИПИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО НА ВОЗРАСНИ

    На 22, 23 и 24 ноември на Воената академија се одржа втората работилница за 2023 година на тема:

  • 20.11 2023Решение за дополнување на решението за прием на кандидати по реализиран втор приемен рок

    Решение за дополнување на решението за прием на кандидати по реализиран втор приемен рок согласно