По повод денот на Воена академија 14 Јуни, во претстојниот период планирани се неколку активности
Вести
- Во рамки на регионалната соработка и соработката која Воената академија ја остварува преку програмата Еразмус+, делегација предводена од Заменик началникот за администрација и логистика на Поморската воена академија „Н. Ј. Вапцаров“ во Варна, Р. Бугарија, капетан 1 класа Валчо Атанасов и капетан Петар Климов ја посетија Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје во периодот од 25-29 март 2024 година
Воената Академија организира подготвителни часови по математика, за сите заинтересира
- Претставници од Воената академија зедоа активно учество на инфо денот на програмата на НАТО „Наука за мир и безбедност“, кој се одржа на 28 март 2024 година во организација на Министерството за одбрана. Панелисти на активноста од Воената академија беа проф. д-р Димитар Богатинов, потполковник и доц. д-р Весна Попоска, кои споделија искуства на Воената академија, како институција со најголемо искуство и најголем број спонзоирани проекти и активности од оваа програма на НАТО. Настанот го отвори министерката за одбрана г-ѓа Славјанка Петровска, а можностите на програмата ги презентираа шефот на Одделот за управување и координација на НАТО програмата Наука за мир и безбедност д-р Клаудио Палестини и програмскиот менаџер д-р Ејуп Турмус.
Денес на Воената академија се одржа свечена пригода - церемонија по повод полагањето заклетва на
Во текот на денешниот ден, питомците од 4та година, род Пешадија, во рамки на предметот Оклопни б
- Започнувајќи од денес, 13 март 2024 година, тим на професори од Воената академија ќе спроведе работилница во областа на прибирањето на податоци од отворени извори со експерти од областа на информатичката технологија од неколку државни институции во Кишињев, Молдавија. Во време на информациска војна, со сè поголемиот развој на новите технологии, дигитализацијата на секој дел од секојдневниот живот и работа и сè поголемата потреба од потврдени, вистинити информации, обуката за прибирање податоци од отворени извори е од стратешко значење за професоналците во областа на информатичките технологии.
- Во одговор на постојаните закани во областа на сајбер безбедноста и потребата за справување со истите од страна на институциите, Воената академија, во периодот 11-12.03.2024 година, организаираше дводневна вежба (TTX – Table Top Exercise) во Кишињев, Молдавија, собирајќи експерти во областа на сајбер безбедноста, но и комуникатори и лица за односи со јавноста од бројни институции во земјата.
На ден 05.03.2024г со питомците од 3 година на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ од
Денес во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, на пригоден настан, им бе
- На ден 27.02.2024 година остварена е официјална посета од страна на амбасадорот на Република Австрија Г-дин Мартин Памер и военото аташе полковник Кристијан Смутек. За време на посетата беа дискутирани конкретните аквивности кои ќе се реалзираат во 2024 година. Како едни од клучните заеднички активности кои се дискутираа се Регионалниот курс за стратешко лидерство и кој се реализира 3 година по ред со поддршка на Австриската Академија за национална одбрана. Заеднички активности со Европскиот колеџ за безбедност и одбрана (ESDC -European Security and Defence College) и Австриска академија за национална одбрана.
- Проф. д-р Митко Богданоски, декан на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, ја покажа својата експертиза како водечки авторитет во сајбер безбедноста за време на соработката за обука организирана за македонските јавни институции. Во партнерство со Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (DCAF), настанот имаше за цел да ги зајакне државните службеници, ИТ персоналот и менаџерите со основни знаења и вештини за сајбер безбедноста.