Успешно реализиран шестмечен курс за стручно оспособување за офицери на служби

01.03.2024

Денес во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје,  на пригоден настан, им беа доделени Уверенијата за успешно реализиран шестмечен курс за стручно оспособување за офицери на служби на 30 (триесет) слушатели кои ќе стапат на служба во редовите на Армијата на Република Северна Македонија,

На настанот се обрати деканот, проф. д-р Митко Богданоски, полковник. Тој потенцираше дека како нови идни офицери ќе станат дел од најреспектабилната институција и дека очекува од нив со голема мотивација да го следат чекорот на своите колеги. Исто така ги потсети дека со завршувањето на високото образование и стручното оспособување и усовршување не завршиле и со учењето. Напротив, тие се исправени пред нов почеток и предизвици кои наметнуваат континуитет во стекнувањето на нови знаења. На крај со искрени честитки им посака многу здравје и успех во кариерата.

Галерија