Прв циклус на студии

Прв циклус на студии

Прв циклус - секц 0а

Прв циклус - секц 0 алерт

УСЛОВИ

На прв циклус студии на Академијата може да се запише лице кое положило државна матура или меѓународна матура и ги исполнило условите за запишување на студии од Законот, Статутот и правилникот за запишување на Воена академија.

Прв циклус - секц 1

Упис

Право на упис на прв циклус на студии можат да имаат и лицата кои положиле училишна матура во гимназиско образование или завршен испит по завршено соодветно стручно средно образование со четиригодишно траење и кои ги исполнуваат условите за запишување на студии од Законот и Статутот на Воена академија.

Првиот циклус на студии на Академијата трае четири години и со неговото завршување се стекнуваат 240 ЕКТС кредити. Овие студии ги оспособуваат питомците и студентите за вработување на одредени стручни работни места или за влез во вториот циклус на универзитетски студии. Лицето кое ги завршило студиите се стекнува со диплома со додавка на струката.

Прв циклус - секц 3

Повторување

Питомците имаат право да повторуваат само еднаш за време на студиите на Академијата. Студентите од прв циклус на студии, за потребите на управувањето со кризи и заштитата и спасување, имаат право да ги завршат започнатите студии според студиската програма на која се запишале, во период најмногу два пати подолг од пропишаното траење на студиите.

Прв циклус - секц 4а

Прв циклус - секц 4 алерт

Студиите на Академијата за стекнување на образование од прв циклус на студии за потребите на Министерството и Армијата се организираат како редовни студии, а студиите за потребите на управувањето со кризи и заштитата и спасувањето може да се организираат како редовни студии.

Прв циклус - измени секц 5

Доколку по истекот на рокот настане измена на студиската програма, питомецот, односно студентот може да ги продолжи студиите по изменетата студиска програма врз основа на општ акт на Академијата. Доколку по истекот на рокот студиската програма згасне, питомецот, односно студентот може стекнатите кредити за одредени предметни програми да ги пренесе на друга студиска програма и да ги продолжи студиите врз основа на општ акт на Академијата. Доколку по истекот на рокот не настане измена, односно згаснување на студиската програма, питомецот, односно студентот може да ги продолжи студиите на студиската програма на која се запишал.

Прв циклус - програма

Наставна програма

Наставната програма на ДДС овозможува:

  • Основно познавање на општествени, природно-математички, технички и воени науки
  • Компјутерски познавања
  • Изучување на странски јазици (Англиски + друг изборен јазик)
  • Високо ниво на експертиза на тактичко ниво
  • Физичко воспитание
  • Подготовка за првите командни и останати должности

 

 

Елаборати од студиски програми