Доколку по истекот на рокот настане измена на студиската програма, питомецот, односно студентот може да ги продолжи студиите по изменетата студиска програма врз основа на општ акт на Академијата. Доколку по истекот на рокот студиската програма згасне, питомецот, односно студентот може стекнатите кредити за одредени предметни програми да ги пренесе на друга студиска програма и да ги продолжи студиите врз основа на општ акт на Академијата. Доколку по истекот на рокот не настане измена, односно згаснување на студиската програма, питомецот, односно студентот може да ги продолжи студиите на студиската програма на која се запишал.