Еразмус огласи
Успешно реализирана обуката со наслов „Користење на платформи за е-учење и мултимедијални алатки во делот на едукација и дигитални вештини“ дел од Еразмус проектот „Future Classrooms Leadership“
29.04.2023Во период од 24 до 28.04.2023 година, во просториите на Воената академија и во Охрид се реализираше обуката со наслов „Користење на платформи за е-учење и мултимедијални алатки во делот на едукација и дигитални вештини“. Обуката е дел од Еразмус проектот „Future Classrooms Leadership“ и истата има за цел да обезбеди соодветни знаења и вештини за користење на различни платформи за е-учење и инкорпорација на останати технолошки и мултимедијални алатки во делот на образованието.
Трет транснационален состанок се одржува на Воената академија; Активна соработка со партнерите од Грција, Белгија и Шпанија во рамките на проектот од програмата Еразмус+ - СЕТОФФ
05.04.2023Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ - Скопје во соработка со своите партнери од Грција, Белгија и Шпанија го организише третиот транснационален состанок во рамките на проектот Еразмус+ - СЕТОФФ во периодот од 4-5 март 2023 година. Состанокот вклучуваше дискусии и анализи во врска со циклусот на обуки „Обучи го обучувачот“, кој започна во март во Кавала, Грција. За време на состанокот се донесоа конечни одлуки за наставната програма за е-обука, која ќе биде достапна за учесниците од сите партнерски земји преку платформата за е-учење креирана во рамките на проектот. Во овој контекст, професорите од Воената академија спроведоа обука, специјално прилагодена за потребите на корисниците на проектот, со цел ефективно и ефикасно креирање курсеви на платформата за е-учење.
Оглас за Еразмус + КА1 мобилност на студентите 2022/2023
15.12.2022Оглас за Еразмус + КА1 мобилност на студентите – питомците од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“-Скопје, во академската година 2022/2023
Дел од обуката на студентите кои се на Еразмус размена
07.11.2022Дел од обуката на студентите кои се на еразмус размена.
Реализација на втора работилница во склоп на проектот „Future Classrooms’ Leadership“ во согласност со Еразмус+KA220
03.10.2022Претставници од Воената академија земаа учество на втората работилница во склоп на проектот „Future Classrooms’ Leadership “, во согласност со Еразмус+ KA220, која се реализираше во Софија, Р. Бугарија, во период од 26-30 септември.
Оглас за Еразмус + КА1 мобилност на студентите
11.01.2022Оглас за Еразмус + КА1 мобилност на студентите – питомците од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“-Скопје, во академската година 2021/2022
Оглас за Еразмус + КА1 мобилност на студентите
10.11.2021Оглас за Еразмус + КА1 мобилност на студентите – питомците од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“-Скопје, во академската година 2021/2022
Оглас за Еразмус + КА1 мобилност на студенти 2019 Хрватска и Словачка
21.11.2019Оглас за Еразмус + КА1 мобилност на студенти за Република Хрватска (Регионален центар за заштита и спасување-Осијек) – 2 (две) места и Република Словачка (Општински уред-канцеларија за заштита и спасување-Поважка Бистирца) – 3 (три) места
ОГЛАС за Еразмус + КА1 студентски мобилности 2019 Хрватска, Бугарија, Словачка
21.11.2019ОГЛАС за Еразмус + КА1 студентски мобилности и размена во Република Хрватска, Република Бугарија и Република Словачка, вкупно – 13 (тринаесет) места.