Со особена чест и задоволство ве информираме дека професорите на Воената академија покрај својата редовна наставна и научно истражувачка дејност успеваат да дадат свој придонес и во издавачката дејност. На 27.04.2015 година во 19:00 часот во просториите на издавачката куќа Академска книга беше промовирана нова книга со наслов Лидерство. Книгата е напишана во коавтороство меѓу професорот д-р Лазар Ѓуров, доцент, мајор од Воената академија, проф. д-р Љубомир Дракулевски од Економскиот факултет при УКИМ и д-р Ангелина Танева Вешовска, доцент од Институтот за истражување во животната средина, градежништвото и енергетиката.
Оваа книга преставува нова квалитетна лидература во областа на Лидерството, кое како феномен претставува основа на успехот на сите организации но и гаранција за успехот и развојот на општеството како целина. Книгата претставува одлично пополнување на празниот простор на обемно авторско квалитетно дело кое на лидерството му приоѓа од неколку различни аспекти. Мултидисциплинарниот пристап кој го обезбедуваат авторите ја прави оваа книга уникатна и достапна за сите читатели и студенти кои сакаат да го проучуваат лидерството, не обработено само од економска гледна точка, туку исто да се третира и проучува во поширок контекст.
Покрај огромното наставно, научно истражувачко и апликативно искуство на професорот Дракулевски кој воедно е Декан на економскиот факултет, во збогатувањето на пристапот на обработка на Лидерството, свој удел имаат и професорите Ѓуров и Вешовска, кои покрај тоа што се доктори во економските науки во областа на менаџментот имаат различна позадина. Она што и дава дополнителна вредноста на книгата е воено образование и искуство на проф. Ѓуров и образованието и праксата во областа на психологијата на професорката Вешовска. Таквата комбинација се препознава и во содржината на книгата. Петте глави: Природата на лидерството, Теории за лидерство, Психологија на лидерство, Тимско лидерство и Организациско лидерство, јасно покажуваат дека книгата ја обработува тематика длабински и сеопфатно, што ја прави применлива за нејзино вклучување како литература во различни наставни програми.
Присутните на промоцијата имаа можност, во исклучително пријатна атмосфера да ги слушнат излагањата на авторите. Во нив беше нагласено дека времињата во кои живееме и кризите низ кои поминуваме и на глобален и на регионален но и на локален план јасно демонстрираат дека постои изразена криза во правилното разбирање и практикување на лидерството. Голем дел на не решени проблеми и предизвици кои се соочува човештвото и кои од ден на ден изгледаат покомплексни и посложени само покажува дека постои потреба за навраќање на оваа важна тема. Дека постои потреба од квалитетно проучување, разбирање и практикување на лидерството како изразено моќна способност. Бидејќи луѓето кои ги заземаат формарлните а и неформалните лидерски позиции мораат да бидат оспособени и правилно да ги користат, бидејќи лидерството ја има карактеристиката на меч со две оштрици. Или ќе донесе голем бенефит или ќе направи голема штета.
Промоцијата беше инспиративен настап кој ги потикна присутните да се заинтересираат за ова ново дело и да посветат време и внимание на проучување на лидерството и неговите сложени форми на манифестирање и практикување.
11.06.2015