:en nato advanced research workshop the protection of critical energy infrastructure protection against emerging security challenges tbilisi georgia, november 2014: :mk воената академија со свој претставник на меѓународната напредна работилница спонзорира

26.11.2014

ENGLISH





MACEDONIAN



На напредната научна работилница спонзорирана од НАТО програмата Наука за мир и безбедност посветена на Заштита на енергеската критична инфраструктура од современите закани која се одржува во период од 25-30.11.2014 година во Талин, Грузија со свое предавање како еден од главните говорници зеде збор продеканот за настава и НИР, вонреден професор д-р Методи Хаџи-Јанев, полковник. Вонреден професор д-р Хаџи-Јанев, говореше во првиот панел за тоа како глобалните безбедносни предизвици влијаат врз енергетската безбедност и како сето тоа се одразува врз помалите земји како  Република Македонија. Меѓу другото, тој презентираше дел од неговото истражување во кое укажува зошто пристапот кон енергетската безбедност кој го имаат усвоено ЕУ и НАТО мора да се промени. Наместо сегашниот фокус кон осигурување со снабдувањето според д-р Хаџи-Јанев, потребен е сеопфатен пристап кон енергетската безбедност кој ќе се фокусира на заштита на критичната инфраструктура и заштита на животната средина. Поканата до д-р Хаџи-Јанев да биде еден од главните говорници е од особено значење за Воената академија бидејќи тоа е признание за напорите кои се преземат на овој план. Последното е особено важно, ако се земат во предвид заложбите на овој план којшто Воената академија ги презеде во последниот период преку акредитирање на програма за трет циклус на студии и организирањето на работилница на национално ниво наменета за висок пероснал од јавната администрација и безбедносниот сектор.

2

Џејсон Васјман (Генерален Секретар на АТА во Брисел (средина) десно прокеданот за настава и НИР, вонреден професор д-р Хаџи-Јанев, десно од него Дејвид Корајни (директот на Центарот за Евроазиската Енергетска Иницијатива и Атлански Совет од САД), Алесандро Нигила, (Ко-директор на работилницата, Италија), лево од него Хованес Никогохосиан, Советник за енергетика на претседателот на Ерменија)