Професорите од воената академија потврдуваат дека се помеѓу елитата во доменот на сајбер безбедноста во државата

27.08.2014

Во периодот 24-25 април 2014 година во Хотел „Бистра“ во Маврово во организација на Стопанската комора на Република Македонија се одржа дводневна обука за банкарскиот и финансискиот сектор на тема: „Корпоративната безбедност и заштита од сајбер криминал во банкарскиот сектор“. Оваа обука е резултат на веќе воспоставената соработка помеѓу Воената академија, Управата за финансиско разузнвање и Стопанската Комора на Република Македонија. На обуката зедоа чество над 30 престатвници на финансискиот и банкараскиот сектор.

Обуката започна со две предавања кои во улога на поканети предавачи ги предводеа  продеканот за настава и НИР, вонреден професор д-р Методи Хаџи-Јанев, полковник и доцент д-р Митко Богданоски, потполковник. Професорот Хаџи-Јанев зборуваше за „Улогата на корпоративната безбедност во заштитата од сајбер криминалот“ со посебен акцент на  стратешките, правните и социјалните предизвици кои гравитираат од сајберпросторот врз претпријатијата и корпорациите, како и аспектите на планирањето и улогата на безбедносниот сектор во различни ситуации во мир, кризна состојба и војна. Доцент д-р Богданоски, пак, одржа предавање на тема „Сајбер просторот како закана врз финансиската инфраструктура“, при што покрај останатото даде осврт на најновите закани врз финансиската инфраструктура, вклучувајќи ги DDoS (Distributed Denial of Service) нападите на ниво 7, APT (Advance Persistent Threats) и MitE (Man in the Endpoint) или MitB (Man in the Browser) нападите, како најнови можни закани врз финансиската критична инфраструктура, како и можните одговори на овие напади.

Оваа активност, е само една од низата активности кои овој тим ги презема во градењето на капацитетите на идниот Институт за сајбер одбрана. Една таква активност која претстои е собир на CERT тимовите од регионот на Југоисточна Европа која овој тим ја организира во соработка со претставниците во RACVIAC, Р.Хрватска во период од 05-09 мај 2014 година.

 

GALLERY