ВООРУЖУВАЊЕ СО ТЕОРИЈА И ПРАКТИКА НА ГАЃАЊЕ (ВТПГ)

Код
ZL206
Организатор на студиската програма
Циклус на студии
Прв циклус на студии
Семестар
2 Втор семестар
Неделен фонд
2+2
Кредити
4
Задолжителност
Задолжителен

Цели на предметната програма (компетенции):Студентите-питомци да се запознаат со поимот и основните задачи на теоријата на гаѓање, поимот и причините за растурање на погодоците,  да ги научат  намената, огнените можности и принципот на работа на пешадиското вооружување. Да се оспособат во правилното ракување со личното вооружување и користење на резервните делови алат и прибор, како и во правилното отстранување на застои кај личното вооружување во борба.

Содржина на предметната програма:Вовед во предметот, Предмет и задачи на теоријата на гаѓање; Растурање на погодоците; Пиштол 9 mmГлок19;  Автоматска пушка 7,62 mm М70 и 5,56 mm М4; Пушкомитралези ПМ 7,62 mm М72 и Митралез 7,62 mm М84; Митралез 5,56 mm М249,Полуавтоматска снајперска пушка  7,9 mm М76; Рачна одбранбена бомба; Рачни ракетни фрлачи, Основно одржување на вооружувањето