Воена географија со апликација на ГИС(ВГАГУС)

Код
ZZ305
Организатор на студиската програма
Циклус на студии
Прв циклус на студии
Семестар
3 Трет семестар
Неделен фонд
2+2
Кредити
4
Задолжителност
Задолжителен

Цели на предметната програма (компетенции):

Целта на изучувањето на овој предмет е питомците и студентите детално да се запознаат со предметот и задачите за изучување на воената географија преку проучување на земјиштето како составен дел на проценката на ситуацијата при планирањето на борбени дејства, исто така да ги ги совладаат елементарните военогеографски научни поставки и основните воено­географски карактеристики на географски простор. Во процесот на планирање на воените вежби и маневри да научат како да ги користат основните алатки на географските информациски системи.

Содржина на предметната програма:

Воена географија како научна дисциплина на  воената вештина; Војувалиште и негови елементи; Военогеографска положба, големина, облик и граници на географскиот простор; Релјеф на копното; Метеоролошки услови и клима; Хидрографија; Геолошки и педолошки состав на копното; Вегетација; Население и населби; Сообраќај; Стопанство; Военогеографска положба на Република Северна Македонија; Големина, облик и граници на Република Северна Македонија; Релјеф на Република Северна Македонија; Геолошки состав на копното на РМ; Метеоролошки услови и клима во Република Северна Македонија; Хидрографија на РМ; Педолошки состав на копното на Република Северна Македонија; Вегетација на РМ; Население и населби во РМ; Стопанство на РМ; Сообраќај на РМ; Дигитална географија, Основи на ГИС, ГИС во одбраната, Апликација на ГИС во воената географија (практична апликација).