УСТАВНО ПРАВО СО ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ (УППС)

Код
IZ1061
Организатор на студиската програма
Циклус на студии
Прв циклус на студии
Семестар
1 Прв семестар
Неделен фонд
2+2
Кредити
4
Задолжителност
Изборен

Цели на предметната програма(компетенции): Питомците и студентите да добијат основни теоретски знаења од областа на уставното право и политичкиот систем, да го сфатат значењето на уставното право и политичкиот систем како научни дисциплини и да се оспособат за соодветно имплементирање на стекнатите знаења при извршување на претсотјните задачи во областа на одбраната и безбедноста на државата.

Содржина на предметната програма:

Поим за устав; Потекло на уставот и развој на уставноста; Структура и содржина на уставите; Донесување и менување устав; Типологии на уставите; Уставен поредок на РС Македонија; Политички систем; Демократијата како политички систем; Суверенитет и облици на остварување на народниот суверенитет; Политичкиот систем и организацијата на државната власт во РС Македонија; Уставен суд на РС Македонија; Локална самоуправа; Политичкиот систем и вооружените сили.