Теорија на системи(ТС)

Код
IL4061
Организатор на студиската програма
Циклус на студии
Прв циклус на студии
Семестар
4 Четврти семестар
Неделен фонд
2+2
Кредити
4
Задолжителност
Изборен

Цели на предметната програма (компетенции): Целта е студентите да стекнат основни теориски и практични знаења за системите, нивното математичко моделирање и претставување, анализата на состојбата и добивање решение на состојбените равенки на движење на системите. Исто така, студентите треба да ги изучат основните структурни особини: стабилност, управливост и набљудливост, како и да се запознаат со техниките на управување и естимација на состојбата на системите. Со користење на компјутерски алатки (МАТЛАБ/СИМУЛИНК) студентите треба да се оспособат за практично решавање задачи поврзани со анализата на конкретни динамички системи.

Содржина на предметната програма:Основни поими и дефиниции на теоријата на системи; Математички модели и класификација на системите;Примери на динамички системи во практиката; Математички опис на динамичките системи: линеарни динамички системи, диференцијални равенки и Лапласова трансформација, опис на динамичките системи во просторот на состојба; Решение на равенките на состојба; Фундаментална матрица и нејзини својства; Стабилност на динамичките системи; Управливост и набљудливост на системите; Техники на управување и естимација на состојбата на динамичките системи; Дискретни динамички системи; Примена на компјутерски алатки (МАТЛАБ/СИМУЛИНК) за анализа на состојбата на динамичките системи.