Теоретски основи на вооружувањто(ТОВ)

Код
IZ5062
Организатор на студиската програма
Циклус на студии
Прв циклус на студии
Семестар
5 Петти семестар
Неделен фонд
2+2
Кредити
4
Задолжителност
Задолжителен

Цели на предметната програма (компетенции): Целта на изучувањето на предметот е усвојување на фундаментални и применети военотехнички знаења од доменот на конструкцијата на оружјата, орудијата, додатоците на оружјата, борбените технички системи и др. современи средства во функција на нивна спознаја и ефикасна употреба. Потикнување на самодовербата и сигурноста при непосреден контакт и практична употреба на некои од наведените средства. Создавање на навики за систематско следење на научно техничките достигнувања и користење на стручна литература од доменот на предметната област.

Содржина на предметната програма: Вовед, поим и поделба на класичното вооружување. Основи на конструкцијата на стрелечкото воооружување. Главни составни делови и механизми и нивна конструкциска изведба. Современи претставници на автоматското стрелечко вооружување. Нишански и оптички справи. Основи на конструкцијата на артилериското вооружување. Поим, поделба и карактеристики на орудијата. Видови и намена на цевки. Конструкција на цевката. Видови на задници и затворачи кај артилериските орудија. Дејство на стабилноста при гаѓање од артилериско орудие. Противповлекувачки уреди. Направи за поместување на цевката на топот. Лафет на орудието. Современи претставници на артилериските орудија.Проучување на други актуелни современи борбени системи и модели на современо класично вооружување.