Тактика на родот пешадија(ТРП)

Код
PL803
Организатор на студиската програма
Циклус на студии
Прв циклус на студии
Семестар
8 Осми семестар
Неделен фонд
2+2
Кредити
5
Задолжителност
Задолжителен

Цели на предметот:Со изучување на предметот питомците треба да се здобијат со фундаменталните теоретски и практични знаења од тактика на родот пешадија и начинот на борбената употреба на пешадиски вод, во различни типови на мисии. Развивање на интерес кај питомците за проучување на воено стручната литература и следење на тактичката доктрина на современите армии во светот.

Содржина на предметната програма:Пешадијата како род; Командување и контрола во пониските тактички единици  на  пешадијата-процедури за трупно водење; Тактички симболи и термини во родот пешадија, Место, улога и задачи  на пониските тактички единици;  Борбена поддршка во пешадијата; Борбено - сервисна поддршка во пешадијата; Патно и тактичко движење; Нападни и одбрамбени дејства на пешадиски вод; Борбени дејства во урбана средина;  Противтерористички операции, МФвод во офанзивни и дефанзивни борбени дејства; Борба во опкружување и пробив од опкружување; Патролирање; Претрес на терен; Стрелечки и механизиран  вод  во изведување на заседа; Стрелачки и механизиран вод во изведување на останати операции. Комбинирани операции со ОМЕ.

Борбени можности на стрелечки и механизиран, вод МФ и противоклопен вод; Изработка на наредби и анекси и графичко претставување на стрелечки, механизиран, вод МФ вод во патно и тактичко движење, борба во пресрет и изведување на офанзивни операции, заседни операции уфрлување, дефанзивни   и останати операции. Ангажирање на стрелечки, механизиран, вод МФ вод во здружени операции. Влијанието на импровизирани експлозивни направи врз извршување на мисиите на пешадиските единици.