Системи за управување со оган (СУО)

Код
IL6061
Организатор на студиската програма
Циклус на студии
Прв циклус на студии
Семестар
6 Шести семестар
Неделен фонд
2+2
Кредити
4
Задолжителност
Задолжителен

Цели на предметната програма (компетенции): Целта на изучувањето на овој предмет е студентите да стекнат основни теоретски и практични знаења за системите на управување со оган во артилериските, тенковските и ракетните системи на вооружување. Овие знаења им се неопходни за разбирање на функциите на системи на вооружување и следење на современитедостигнувањаитенденциитеворазвојотнасистемитенауправувањесооган. Истовремено, студентите се запознаваатсо методите на откривање и дентификација на целта, мерење на параметрите на движење и принципите на функционирање на сензорите ,во системите на управување со оган.

Содржина на предметната програма: Намена, видови и задачи на системите за управување со оган во рамките на системите на вооружување; Основни елементи на системите на управување со оган; Основи на теоријата на управување со огнот: координатни системи, откривање и покажување на целта, мерење на координатите, следење на целта и решавање на проблемот на средба на проектилот и целта; Сензори во системите на управување со оган: радарски, оптички, термални, инфрацрвени и ласерски; Компјутери во системите за управување со оган; Извршни компоненти во системите за управување со оган; Системи за управување со огнот кај класичната артилерија; Системи за управување со огнот кај тенковите и борбените оклопни возила; Системи за управување со огнот кај артилериските и ракетните системи за противвоздушна одбрана; Системи за управување со огнот кај леталата; Системи за менаџмент со бојното поле.