Проф. д-р. Славко Ангелевски

Проф. д-р. Славко Ангелевски
Сектор за втор и трет циклус на студии и стручно и професионално усовршување
Раководител
Активно воено лице во чин полковник
Телефон
Е-пошта

Професор на Воената академија и раководител на Сектор за 2 и 3 циклус на студии и професиоанлно усовршување. Активно воено лице во чин полковник.

Славко Ангелевски е роден на 10.09.1966 година во Слепче, Демир Хисар, Република Македонија. Основното образование го започнува во родното место, а го завршува во Скопје. Школувањето го продолжува на воените школи во поранешна Југославија, 1985 година завршува Воена гимназија во Белград, а 1990 година дипломира на Воено-техничката академија во Загреб, со што се здобива со звање дипломиран машински инжинер во специјалноста класично вооружување. Оженет е и татко на 2 деца. По национална припадност е Македонец.

Образование
2004 докторира на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во областа на менаџментот.
2001 Магистрира на машинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
1998 завршува Специјализација за командни и штабни должности (Командно-штабна академија) во Воената академија во Скопје.
Обуки и усовршување
Има учествувано и завршено голем број на обуки и семинари во земјата и странство.
Информатички Технологии
Има општо познавање од информатички технологии.
Јазици
Македонски
Англиски
Српско-Хрватски
Работно искуство
2015 Редовен професор на Воената академија
2010 Вонреден професор на Воената академија
2005 Доцент на Воената академија
1997 Соработник-асистент
2010 полковник
2006 потполковник
2002 мајор
1998 капетан I класа
1993 капетан
1990 поручник
Научни трудови
Има објавено голем број научни, стручни и апликативни трудови во земјата и во странство.