Системи за управување и водење во ракетното вооружување(СУВРВ)

Код
IL6062
Организатор на студиската програма
Циклус на студии
Прв циклус на студии
Семестар
6 Шести семестар
Неделен фонд
2+2
Кредити
4
Задолжителност
Задолжителен

Цели на предметната програма (компетенции): Целта на изучувањето на овој предмет е студентите да стекнат основни теоретски и практични знаења од областа на ракетното вооружување и системите за водење и управување на ракети, како би можеле полесно да ги прифатат и за практична употреба изучат ракетните системи кои се во вооружвањето на својот род. Покрај тоа, кај студентите треба да се развие интерес за проучување на военостручна литература и следење на достигнувањата во областа на ракетното вооружување во Армијата на Република Северна Македонија и во странските армии.Овие знаења им се неопходни за разбирање на функциите на системи на вооружување и следење на современитедостигнувањаитенденциитеворазвојотна ракетното вооружувањесистемитенауправувањесооган.

Содржина на предметната програма: Основни поими и карактеристики на водените ракети, системите за водење и управување и ракетните системи; Шеми на водените летала, органи за управување и начини на управување; Етапи, траектории и методи на водење: методи на далечинско водење; методи на самоводење;Структура и елементи на системите за стабилизација и управување: автопилот, сензори и извршни елементи на автопилотот; Системи на далечинско водење; Команден систем на водење за метода на покривање на целта; Структура и основни карактеристики на системите на самоводење; Кинематика и методи на самоводење;Линеаризирани модели на кинематиката на самоводење;Метода на пропорционална навигација и идеализиран систем на самоводење; Намена и класификација на сензорите за самоводени ракети.