Општа тактика 2(ОТ2)

Код
ZL402
Организатор на студиската програма
Циклус на студии
Прв циклус на студии
Семестар
4 Четврти семестар
Неделен фонд
2+2
Кредити
6
Задолжителност
Задолжителен

Цели на предметот:Со изучување на предметот питомците треба да се здобијат со фундаментални теоретски и практични знаења од општата тактика и тактиката на ро­до­вите. Покрај тоа кај питомците треба да се развие интерес за проучување на военостручната литература и следење на современите достигнувања од областа на тактиката во АРСМ и во современите армии.

Содржина на предметната програма:Предавања:Оперативни системи на бојното поле; Основни тактички концепти; Морално-психолошки подготовки; Движење; Нападни дејства; Ангажирање на ТЕ на борбените родови во нападни дејства; Организација на БСП во нападни дејства; Премин преку река; Експлоатација и гонење; Одбрамбени дејства; Ангажирање на ТЕ на борбените родови во одбрамбени дејства; Опкружување и пробив од опкружување; Борбени дејства на ПЗТ; Заседни операции; Маскирање; Осигурување. Останати операции. Вежби:Графичко претставување на ТЕ на марш; Графичко претставување на ТЕ во напад;   Графичко претставување на ТЕ на борбените родови во напад; Графичко претставување на ТЕ на БСП во напад. Графичко претставување на ТЕ во одбрана; Графичко претставување на ТЕ во опкружување и  пробив од опкружување; Графичко претставување на ТЕ во одстапување;  Графичко претставување на ТЕ на борбените родови во одбрана; Графичко претставување на логистичките единици во ТЕ во одбрана.Графичко преставување  на ТЕ во изведување на останатите операции