Цели на предметот:Со изучување на предметот питомците треба да се здобијат со фундаментални теоретски и практични знаења од општата тактика и тактиката на родовите. Покрај тоа кај питомците треба да се развие интерес за проучување на военостручната литература и следење на современите достигнувања од областа на тактиката во АРСМ и во современите армии.
Содржина на предметната програма:Предавања:Оперативни системи на бојното поле; Основни тактички концепти; Морално-психолошки подготовки; Движење; Нападни дејства; Ангажирање на ТЕ на борбените родови во нападни дејства; Организација на БСП во нападни дејства; Премин преку река; Експлоатација и гонење; Одбрамбени дејства; Ангажирање на ТЕ на борбените родови во одбрамбени дејства; Опкружување и пробив од опкружување; Борбени дејства на ПЗТ; Заседни операции; Маскирање; Осигурување. Останати операции. Вежби:Графичко претставување на ТЕ на марш; Графичко претставување на ТЕ во напад; Графичко претставување на ТЕ на борбените родови во напад; Графичко претставување на ТЕ на БСП во напад. Графичко претставување на ТЕ во одбрана; Графичко претставување на ТЕ во опкружување и пробив од опкружување; Графичко претставување на ТЕ во одстапување; Графичко претставување на ТЕ на борбените родови во одбрана; Графичко претставување на логистичките единици во ТЕ во одбрана.Графичко преставување на ТЕ во изведување на останатите операции