Општа тактика 1(ОТ1)

Код
ZZ303
Организатор на студиската програма
Циклус на студии
Прв циклус на студии
Семестар
3 Трет семестар
Неделен фонд
2+2
Кредити
6
Задолжителност
Задолжителен

Со изучување на предметот питомците треба да се здобијат со фунда­ме­нтални теоретски и практични знаења од општата тактика и тактиката на ро­до­вите. Покрај тоа кај питомците треба да се развие интерес за проучување на военостручната литература и следење на современите достигнувања од областа на тактиката во АРМ и во современите армии.

Категоријален систем: Вовед во предметот; Вооружени сили на Република Северна Македонија, Копнена војска; ВВ и ПВО; ВМ како видови на ВС, Тактички знаци и кратенки; Пешадија како род на КоВ; Артилерија како род на КоВ; ОМЕ како род на КоВ; АРЕ за ПВО како род на КоВ; Инженерија како род на КоВ; АБХО како род на КоВ; Врски како род на КоВ .