Моделирање и симулации(МС)

Код
ZZ501
Организатор на студиската програма
Циклус на студии
Прв циклус на студии
Семестар
6 Шести семестар
Неделен фонд
2+2
Кредити
6
Задолжителност
Задолжителен

Цели на предметната програма (компетенции): Целта на изучувањето на овој предмет е студентите да стекнат основни теориски знаења од областа на примената на методите и технологиите за моделирање и симулации при решавање на проблемите поврзани со одбранбеното планирање, воената обука, истражувањето и развојот на технологиите, аквизиција на вооружувањето и воената опрема, како и поддршка во процесот на планирање воени операции. Исто така, со изучување на овој предмет треба да се стекнат практични знаења во користењето на софтверски пакети за симулација на борбени дејствија и други кризни ситуации.

Содржина на предметната програма: Основни поими од областа на моделирањето и симулациите; Промена на состојбата на системот и механизми за текот на времето во симулациите; Концепти на моделирање и симулациите, нивоа на симулациски модели и класификација на симулациите; Видови симулации во воената обука: живи симулации, виртуелни симулации и конструктивни симулации; Моделирање и симулација на борбени дејства на ниво на ентитети и агрегирани модели на борбени дејства; Ланчестерови равенки; Моделирање на системите на вооружување - технички фактор; Моделирање на околината во која се изведуваат борбените дејства (репрезентација на бојното поле) - фактор простор; Моделирање на однесувањето на човекот во борбените дејства - човечки фактор; Верификација, валидација и акредитација на моделите; Области на примена на моделирањето и симулациите на полето на одбраната и кризниот менаџмент; Методологија и организација на компјутерски поддржувани вежби како современ метод за обука на воени лидери; Современи софтверски пакети за симулација на борбените дејства и други кризни ситуации.