Математика 1

Код
ZZ101
Организатор на студиската програма
Циклус на студии
Прв циклус на студии
Семестар
1 Прв семестар
Неделен фонд
2+4
Кредити
6
Задолжителност
Задолжителен

Цели на предметната програма (компетенции): Питомците и слушателите треба да усвојат основни и напредни математички знаења и техники кои ќе им овозможат континуирано и успешно следење и совладување на натамошните специјализирани курсеви, како и надградба во други науки од природно-математичката област. Toaќе придонесе и кон формирањето на работни навики и развивање на интелектуалните способности на студентите,на правилен пристап кон изведување на заклучоци, на смислата за истражување, систематичноста, прецизноста,како и на критичкото размислување и истрајност во работата.

Содржина на предметната програма: Основни математички поими. Множество. Релација. Пресликување.Реални броеви. Дефиниција. Апсолутна вредност. Принцип на математичка индукција. Биномна формула.Елементи од линеарна алгебра. Матрици. Детерминанти. Решавање на системи од линеарни равенки.Матрични равенки. Ранг на матрица. Карактеристична равенка. Сопствени вредности и вектори. Векторска алгебра. Поим за вектор. Колинеарни и компланарни вектори. Скаларен, векторски и мешан производ. Низи.Реална низа. Гранична вредност. Реална функција од една реална променлива. Основни поими и својства.Елементарни функции. Тригонометриски функции и тригонометриски идентитети. Гранични вредности.Непрекинатост на функција. Диференцијално сметање. Дефиниција на извод и правила за пресметување.Основни теореми во диференцијалното сметање. Правило на Лопитал. Тејлорова формула. Испитување на функции и конструкција на графици.