Картографија со воена топографија(КВТ)

Код
ZL205
Организатор на студиската програма
Циклус на студии
Прв циклус на студии
Семестар
2 Втор семестар
Неделен фонд
2+2
Кредити
4
Задолжителност
Задолжителен

Цели на предметната програма (компетенции):

Целта на изучувањето на овој предмет е питомците и студентите детално да се запознаат со сите елементи на сите видови на карти, атласите, модели и глобусите како основен извор на информации за земјиштето. Изучување на картографските методи и техники на изработка на истите, проучување на картите како составен дел на проценката на географскиот простор за совладување на елементарните научни поставки и основните географски карактеристики на географски простор. Совладувањето на сите елементи на топографската карта како основен извор на информации за земјиштето, брзо и ефикасно ориентирање на просторот, проучување на земјиштето како составен дел на проценката на ситуацијата при планирањето на сите видови на борбени дејства.

Содржина на предметната програма:

Картографија како научна дисциплинаи историски развој, Карактеристики на картите, Теориски принципи на картографијата, Математички елементи на картата, Географски елементи на картата, Дигитална картографија, Тематска картографија и прилози. Место и улога на воена топографија; Основни карактеристики на топографски карти; Видови на топографски карти, Мерење на топографска карта (картометрија); Топографско-тактички категории на земјиштето; Ориентација на земјиштето со помош на карта; Движење по непознато земјиште со користење на ТК; Распознавање на релјефните форми; Проценка на земјиштето од карта и од око; Картометриски постапки при ориентација на земјиште со помош на топографски карти; Апликација на ГИС во топографијата, Употреба на Рачен компас и ГПС уред; Изработка на скици на земјиште и шема на ориентири;