Конкурс за запишување студенти на втор циклус на студии на Специјализација за Командни и штабни должности на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ - Скопје во студиската 2023/2024 година

18.08.2023

Врз основа на член 21 од Законот на Воената академија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 83/2009), член 88 став 1 од Статутот на Воената академијабр. 07-876/1 од 17.10.2011 година, Правилникот за начинот и постапката за спроведување на конкурс за запишување и избор на кандидати за втор циклус на студии на Воената академија бр. 01-628/1 од 26.01.2010 годинаи Правилникот за изменување на Правилникот за начинот и постапката за спроведување на конкурс за запишување и избор на кандидати за втор циклус на студии на Воената академија бр. 01-849/1 од 01.02.2011 година Воената академија распишува

 

 


К О Н К У Р С
за запишување студенти на втор циклус на студии на Специјализација за Командни и штабни должности на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ - Скопје во студиската 2023/2024 година

Воената академија ,,Генерал Михаило Апостолски” – Скопје (во понатамошниот текст: Академијата), распишува конкурс на втор циклус на студии за Специјализација за Командни и штабни должности во студиската 2023/2024 година за 30 кандидати.

            Студиите на втор циклус на студии – Специјализација за Командни и штабни должности се организираат во Академијата според академиски студиски програми акредитирани со закон, нормативите, стандардите и методологијата прифатени од единствениот Европски простор за високо образование, вреднувани со кредити по ЕКТС. Студиските програми на втор циклус на студии на Академијата траат една година (два семестра).

ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ

Право на учество на Конкурсот имаат кандидатите кои ги исполнуваат следните услови: 

  • да се државјани на Република Северна Македонија;
  • да се воени старешини – офицери со чин: капетан, мајор и потполковник на служба во Армијата;
  • да се поставени на должност командир на чета или еквивалентна и истата да ја извршувале најмалку две години;
  • да завршиле воена академија или високо образование со завршено стручно оспособување и усовршување за офицери на Академијата;
  • да дипломирале со просечен успех од најмалку 7,00;
  • да не се постари од 45 години;
  • да познаваат странски јазик на ниво СТАНАГ 2.2.2.2 (првенствено англиски или француски);
  • да имаат посебна физичка и здравствена способност, што го утврдува надлежна Воено-лекараска комисија;
  • да имаат поминато физички проверки во Армијата;
  • да имаат службена оценка најмалку „се истакнува“ на последните две оценувања;
  • да добиле согласност за специјализација на Академијата од началникот на Генералштабот (согласноста ја обезбедува кандидатот преку претпоставената команда);
  • да исполнуваат други услови предвидени со студиските програми за втор циклус студии на соодветната единица на Универзитетот.

            Кандидатите за втор циклус на студии на Академијата за Специјализација за командни и штабни должности полагаат приемен испит.

           

ПОСТАПКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ


            Конкурсот за запишување на втор циклус на студииво Академијата го спроведува Конкурсна комисија формирана од министерката за одбрана.

            Приемниот испит за кандидати за Специјализација за командни и штабни должности го спроведува Комисија формирана од деканот на Воената академија, врз основа на одлука на Наставно научниот совет и е составена од три члена експерти од областите за кои се врши полагање на приемниот испит.

            Конкурсната комисија изготвува ранг-листа на примените кандидати.

            При изготвување на ранг-листата треба да се води сметка за соодветна и правична застапеност на кандидатите кои припаѓаат на сите заедници со почитување на критериумите за стручност и компетентност како и почитување на принципот на еднаквост на половите.

            Одлуката по приговорот се донесува во рок од 24 часа од поднесувањето на приговорот.   Ранг-листата станува конечна по истекот на рокот за поднесување приговор.          Посебните права и обврски на кандидатите примени за студенти на втор циклус на студии на Академијата се уредуваат со договор во согласност со Статутот на Академијата.

            По објавување на конечната ранг-листа, Наставно научниот совет на Академијата, донесува предлог-мислење за истата и го доставува до министерката за одбрана, која донесува конечно решение за прием на кандидатите од листата.

           

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ВТОРЦИКЛУС НА СТУДИИ 
 

За пријавување на втор циклус на студии (Специјализација за Командни и штабни должности), кандидатите ги доставуваат следните документи:

  • пријава за запишување што се добива во Академијата;
  • доказ за завршен прв циклус на студии (диплома оригинал или фотокопија заверена кај нотар), кандидатите кои завршиле во странство да достават решение за еквиваленција и признавање на високобразовната квалификација стекната во странство за завршен прв циклус на студии);
  • уверение за положени испити со оценки и кредити (оригинал или фотокопија заверена кај нотар); кандидатите кои завршиле во странство доставуваат решение за еквиваленција на оценките;
  • кратка биографија (CV);
  • извод од матична книга на родени;
  • уверение за државјанство;
  • потврда за познавање странски јазикна ниво СТАНАГ 2.2.2.2 (првенствено англиски или француски);
  • Наод оцена и мислење за посебна здравствена способност на воениот персонал за вршење на служба во Армијата на Република Северна Македонија;
  • доказ за поминати физички проверки во Армијата;
  • службена оценка најмалку „се истакнува“ на последните две оценувања;
  • согласност за специјализација на Академијата од началникот на Генералштабот (согласноста ја обезбедува кандидатот преку претпоставената команда).

Документите за пријавување на втор циклус на студии за Специјализација за Командни и штабни должности се доставуваат лично во деловотство на Академијата, на адреса: ул. ,,Васко Карангелески“ бб.

           

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Заинтересираните кандидати за школување на втор циклус на студии за Специјализација за Командни и штабни должности во студиската 2023/2024 година може да се пријавуваат од денот на објавување на конкурсот до 15.09.2023 година.

ВОЕНА АКАДЕМИЈА