Врз основа на член 172 од Законот за високо образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2018и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 178/2021)и член 18 од Законот за Воена академија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 83/2009), Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје распишува
К О Н К У Р С
за избор на наставници и соработници на Воената академија во Скопје
I.ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ ЗВАЊА И СОРАБОТНИЦИ ПО СЛЕДНИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ ПОДРАЧЈА, ПОЛИЊА И ОБЛАСТИ:
- НАСТАВНИК ВО СИТЕ ЗВАЊА ВО НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ: (5) „ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ“, НАУЧНО ПОЛЕ: (508) „ПРАВНИ НАУКИ“, НАУЧНИ ОБЛАСТИ: (50814) „УСТАВНО ПРАВО“ и (50818) „ЧОВЕКОВИ ПРАВА И СЛОБОДИ“− еден (1) извршител
-
НАСТАВНИК ВО СИТЕ ЗВАЊА ВО НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ: (5) „ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ“, НАУЧНО ПОЛЕ: (504) „КИНЕЗИОЛОГИЈА“,НАУЧНА ОБЛАСТ:(50401) „ПРИМЕНЕТА КИНЕЗИОЛОГИЈА (СПОРТ, ФИЗИЧКО ВОСПИТУВАЊЕ, РЕКРЕАЦИЈА, КИНЕЗИТЕРАПИЈА, ДРУГО)“− еден (1) извршител;
- ИЗБОР НА СОРАБОТНИКВО НАУЧНО ПОДРАЧЈЕ: (5)„ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ“,ПОЛЕ:(515)„ОДБРАНА“, ОБЛАСТ:(51503)„ИНТЕГРАЛНА БЕЗБЕДНОСТ“ -еден(1) извршител;
- ИЗБОР НА СОРАБОТНИКВО НАУЧНО ПОДРАЧЈЕ: (2)„ТЕХНИЧКО-ТЕХНОЛОШКИ НАУКИ“,ПОЛЕ:(205)„ЕНЕРГЕТИКА“ И (214) „МАШИНСТВО“,ОБЛАСТ:(20507)„МОТОРИ СО ВНАТРЕШНО СОГОРУВАЊЕ“ И (21422) „АВТОМАТИКА“ -еден(1) извршител.
II.Покрај општите услови утврдени со Законот за работни односи, кандидатите треба да ги исполнуваат и следнитеуслови:
1. Кандидатите за избор на наставник во наставно-научни звања на Воената академија треба:
- да имаат завршено трет циклус студии (доктор на науки) во научната област за која се врши изборот;
- да ги исполнуваат општите услови пропишани со Законот за работни односи, условите наведени во член 164, 165 и 166 од Законот за високо образование, со Законот за Воената академија,со Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставно-научни, наставни и соработнички звања на Универзитетот „Гоце Делчев“–Штип и со Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставни и во соработнички звања на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“–Скопје.
2. Кандидатите за избор во соработничко звање на Воената академија треба :
- да имаат завршено втор циклус (магистер) во научната област за која се врши изборот;
- да ги исполнуваат општите услови пропишани со Законот за работни односи, условите наведени во член 164, 165 и 170 од Законот за високо образование, со Законот за Воената академија,со Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставно-научни, наставни и соработнички звања на Универзитетот „Гоце Делчев“–Штип и со Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставни и во соработнички звања на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“–Скопје.
III.Кандидатите треба да ги достават следните документи:
- пријава по конкурс;
- кратка биографија (печатена и електронска);
- диплома за завршен докторат, односно завршена магистратура (еден примерок од дипломата оригинал или копија заверена кај нотар);
- странските дипломи да се нострифицирани и дополнети со еквиваленција на оценките;
- список на објавени научни и стручни трудови (по еден примерокод трудовите електронски во PDF) и
- уверение за државјанство.
Конкурсот трае 8 дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето.
Документите се доставуваат до деловодството на Воена академија, на адреса: ул.„Васко Карангелески“ бб Скопје.
Ненавремено доставени документи и непотполна документација нема да се разгледуваат.
Воената академија по извршениот избор во наставно - научнозвање, нема обврска да склучува договор за вработување, доколку избраните лица не се во работен однос во Министерството за одбрана.
ВОЕНА АКАДЕМИЈА