Огласи

Конкурси

Соопштенија

Реализација на работилница од проектот СЕТОФФ

30.06.2023
На 28 јуни 2023 година, се одржа работилницата број 2 од проектот SETOFF, насловена "Empowering Distributed Learning Approach to Enhance Disaster Risk Management and Strengthen Resilience", на која се претставија најновите резултати од проектот SETOFF како и неговата примена во јакнењето на заштита и безбедноста при работа во јавниот и приватниот сектор.

КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА „ГЕНЕРАЛ МИХАИЛО АПОСТОЛСКИ“ - СКОПЈЕ ВО СТУДИСКАТА 2023/2024 ГОДИНА

27.06.2023
К О Н К У Р С ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА „ГЕНЕРАЛ МИХАИЛО АПОСТОЛСКИ“ - СКОПЈЕ ВО СТУДИСКАТА 2023/2024 ГОДИНА

Конкурс за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Северна Македонија и студенти за потребите за управување со кризи и заштита и спасување на прв циклус студии на Воената академија

27.06.2023
Конкурс за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Северна Македонија и студенти за потребите за управување со кризи и заштита и спасување на прв циклус студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје во учебната 2023/2024 година

ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА НОСИТЕЛ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ДВОДНЕВНА ВЕЖБА ЗА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ: ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ПОДГОТВЕНОСТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ ВО МОЛДАВИЈА ПРЕКУ TTX (TABLETOP EXERCISE)

16.06.2023
​​​​​​​Воената академија, препознаена по својата експертиза во областа на сајбер безбедноста, организираше дводневна вежба за сајбер безбедност (TTX) на 12 и 13 мај 2023 година во Кишинев, Р. Молдавија. Настанот, спонзориран од американскиот Стејт департмент и во соработка со CRDF GLOBAL и Иницијатива за сајбер безбедност, корпоративна безбедност и управување со кризи - C3I Скопје, имаше за цел да ги подобри практиките за сајбер безбедност на повеќе од 30 сајбер професионалци од CERT/CSIRT и клучните јавни и приватни сектори, вклучително и провајдери поврзани со критична инфраструктура од Р. Молдавија. Деканот на Воената академија, проф. д-р Митко Богданоски, настанот го започна со потенцирање на значењето на соработката меѓу експертите за сајбер безбедност од различни институции, потребата од ажурирање на нивните знаења и вештини и воспоставување робусна рамка за справување со предизвиците во оваа област. Во текот на воведната сесија свое обраќање имаше и директорот Службата за ИТ и сајбер безбедност г-дин Александру Коретчи, кој ја истакна важноста на овој настан за институциите и за државата, посебно во период кога сајбер просторот се повеќе се злоупотребува за постигнување стратешки цели.

Прослава на 14 јуни - Ден на Воената академија

14.06.2023
Во близина на Деканатот на Воената академија, во касарната „Гоце Делчев“ – Скопје, се одржа свеченоста по повод Денот на Воената академија во присуство на високи претставници на Министерството на одбрана, Армијата и други бројни партнерски институции. На самиот почеток, присутните ги поздрави Деканот, правејќи осврт на најважните достигнувања и успеси на институцијата, елаборирајќи го притоа придонесот на сите чинители во Академијата од нејзиното основање. Во тој контекст, Деканот искажа посебна благодарност до поранешните вработени, меѓу кои и професори, декани, административни работници и други, за нивната улога во поставувањето на темелите на оваа важна институција, единствена по карактер во нашата земја.

Завршен состанок на партнерите од Еразмус+ проектот „Интеграција на компетенции за дигитално учење во образовниот програми“

24.05.2023
Последниот состанок на партнерите од Erasmus+ проектот "Интеграција на компетенции за дигитално учење во образовниот програми" се реализираше од 19-ти до 20-ти мај 2023 година во Прага, Република Чешка.

Реализирана тридневна обука на тема: МОДЕЛИ И ПРИНЦИПИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО НА ВОЗРАСНИ

08.06.2023
Во периодот од 06.06. до 09.06.2023 г. на Воената академија беше спроведена тридневна обука на тема: МОДЕЛИ И ПРИНЦИПИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО НА ВОЗРАСНИ. Обуката се организираше во рамки на NATO DEEP програмата за зајакнување на образованието во одбраната. Обуката ја реализираа професори од Воената академија кои се сертифицирани обучувачи за Методологии за подобрување на наставниот процес.

Конкурс за запишување на кандидати со завршен прв циклус на студии за стручно оспособување и усовршување за офицери за служби за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија

08.06.2023
Академијата распишува конкурс за запишување на 30 (триесет) кандидати за стручно оспособување и усовршување за офицери за службите во Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија.