Воена психологија(ВП)

Код
ZL602
Организатор на студиската програма
Циклус на студии
Прв циклус на студии
Семестар
6 Шести семестар
Неделен фонд
2+2
Кредити
6
Задолжителност
Задолжителен

Цели на предметната програма (компетенции): Предметот треба да обезбеди питомците и студентите на Воената академија да развијат чувство и разбирање на динамиката на психолошките процеси и реакции во војската. Целите на изучување се фокусирани на самосвесноста и почитување на човековото однесување, способноста да се разбере и примени влијанието во социјалните ситуации, вештини во примената на ефективното раководење, применето во различни околности и почитувањето на неопходноста од личен интегритет, значењето на човековото достоинство и потребата од континуирано размислување за сопствените вредности и професионално однесување.

Содржина на предметната програма: Предмет, цел и задачи на психологијата и на воената психол. Психички процеси, состојби и особини. Методи и техники  на воената  психологија.  Настанување и развој на психата. Инстикти, навики, интелектуално однесување.

 Психички процеси и состојби- Пeрцепција, осети видови осети, основни карактеристики на осетливоста.Учење.Поим.Видови:едноставно, сложено, вербално и моторно.Помнење и заборавање.поим. Мислење и говор.Поим.Заклучување и судење. Мислење и асоцијации.Видови.  Емоции.Поим, емоција-чувство.Карактеристики, проценување, видови, развој. Мотивација. Поим. Видови мотиви: биолошки, социјални, лични.Хиерархија. Посебни состојби на свеста. Сон и спиење. Личност  - Поим. Структура на личноста. Типологии и теории за личноста.  Комуникација. Вербална и невербална комуникација. Его простор, големина, облик.

Посебни прашања од Воената психологија - Психолошки основи на системот на одбирање и распоредување на кадри за потребите на армијата. Психологија на воениот колектив.Поим, структура, динамика. Динамика на мотивационите процеси во армиската средина. Морал, етика, организациска  култура,  еднаквост, недискриминацијаПсихолошки основи наморалот на припадниците на армијата. Родова перспектива во вооружените сили во мирновремени и вонредни ситуации, Психолошки основи на обуката и припадниците на армијата. Напредување во текот на обуката и индивидуални разлики Психолошки основи на јавното мислење во воениот колектив. Поим. Специјална војна. Психолошка војна и одбрана. Поим. Учество во мисии во странство, стресни и трауматски искуства, резилиентност, улогата на лидерите за време на циклусот на рспоредување, социјална поддршка и реинтеграција и грижа за семесјтвата.