Воена историја(ВИ)

Код
ZL202
Организатор на студиската програма
Циклус на студии
Прв циклус на студии
Семестар
2 Втор семестар
Неделен фонд
2+2
Кредити
4
Задолжителност
Задолжителен

Цели на предметната програма (компетенции): Питомците и студентите да добијат теоретски знаења од воената историја, да ја сфатат суштината, карактерот и тактиката на војувањето, развојот на вооружувањето, воената организација и вештини, како и факторите во водењето на војна во различни историски периоди и околности.

Содржина на предметната програма: Воената историја како: предмет, методологија, цели и задачи. Воената организација на античките Македонци: најголемите битки на  Филип II и Александар III Македонски. Средновековна Македонија: Организација и воената вештина на Самоиловатавојска. Военото организирање на Византија. Востанијата и војните во Македонија од XIдоXIVвек. Османлиското освојување на Македонија: Битката на Марица од 1371 година. Организација и тактика на војување на османлиската војска и македонските востанички војски до Младотурската револуција; Војните на Наполеон: Воена организација и најважни битки; Граѓанската војна и современа историја на САД; Ослободителната борба на македонскиот народ во XIXвек. Прво и второ српско востание, Грчкото востание, Бугарската ослободителна борба, Негушко востание. Разловечкото и Кресненско востание 1878 година; Илинденското востание. Подготовки и востанието во Битолскиот револуционерен округ. Борбите во селото Баница, тактиката на македонските востаници; Македонија во Првата и Втора балканска војна; Македонскиот фронт; Македонското прашање (1878-1919), Првата светска војна и Македонија; Македонија во Втората светска војна: Вооруженото востание во Македонија 1941-42, Развој на НОАВМ во 1943, Операции во 1944: Февруарски поход и Пролетната офанзива. Завршни операции за ослободување на Македонија. Создавање на НАТО, Варшавски пакт и Неврзаните. Придонесот на Армијата во НАТО. Современи регионални и глобални војни Арапско-израелските, Корејскатаи Виетнамската војна, Руската инвазија на Авганистан,  Фокландската војна, Иранско-Ирачката војна, Војната во заливот и операциина НАТО во Кувајт, војните во поранешна СФРЈ; Современи воени лидери на НАТО членки; Родовата перспектива низ историјата на НАТО;