ОСНОВИ НА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА(ОЕЛ)

Код
ZZ301
Организатор на студиската програма
Циклус на студии
Прв циклус на студии
Семестар
3 Трет семестар
Неделен фонд
2+2
Кредити
6
Задолжителност
Задолжителен

Увод - Физички големини и системи на единици. Електрицитет и наелектризирано тело. Принцип на одржување на количество на електрицитет. Состав на атомот и елементарен квант на електрицитетот.Електростатика - Кулонов закон. Електрично поле. Поим на флукс на вектор на електрично поле. Изведување на Гаусов закон. Електричен потенцијал и напон. Електричен дипол. Електрична капацитивност и кондензатори. Воопштен Гаусов закон. Максвелов постулат. Енергија и сили во електростатичко поле. Електрокинетика на временски константни електрични струи - Јачина на струја и вектор на густина на струја. Закон на континуитетот; прв закон на Кирхов. Омов закон во диференцијална и интегрална форма. Специфична отпорност и спроводност. Џулов закон. Електрични генератори, електромоторна сила и воопштен Омов закон. Електрични мрежи и втор закон на Кирхоф. Методи за анализа на електрични мрежи. Временски констатнтно магнетно поле - Основни поими за магнетното поле. Вектор на магнетна индукција. Лоренцова сила. Био-Саваров и Лапласов закон. Сила и момент на струјна контура во магнетно поле. Амперов закон со примери на примена.Материја во магнетно поле - Влијание на магнетно поле на материјата. Дијамагнетски, парамагнетски и феромагнетски материјали. Воопштена форма на Амперов закон. Магнетни кола. Методи за пресметка на магнетните кола. Магнетно поле на стален магнет; Електромагнетна индукција - Фарадеев закон на електромагнетна индукција. Принцип на работа на електричен генератор и мотор. Статичка електромагнетна индукција. Виорни струи. Меѓусебна индуктивност и самоиндуктивност. Одредување на јачина на струја во коло со термогена отпорност и индуктивност. Наизменични струи - Општи поими. Претставување на простопериодични величини со комплексни броеви. Импенданса, адмитанса. Анализа на однесувањето на R,RL,RCи RLC коло. Аналитички методи за решавање на кола со наизменични струи.