Обука во зимски услови и скијање

Организатор на студиската програма
Циклус на студии
Прв циклус на студии
Семестар
3 Трет семестар
Кредити
2
Задолжителност
Задолжителен

Цели на предметната програма (компетенции):

Питомците да се обучат во скијање и во начините на преживување и водење на борбени дејства во зимски услови. Запознавање со скијачката опрема и приспособување на опремата. Питомците да се запознаат и да совладаат дел од скијачките дисциплини. Питомците да се запознаат со планината, снегот и опасностите кои постојат. Питомците да се запознаат со мерките за чување на здравјето (замрзнување, снежно слепило, магла и сл.) и мерките за спречување на повреди и други вонредни настани. Питомците да се обучат за изработка на објекти за преживување во зима. Питомците да се обучат во завземање на ставови за гаѓање со скии.

Содржина на предметната програма:

Цел и задачи на скијањето, поделба и опрема; Строеви работи со ненаместени и наместени скии; Смук право, коси смук и странично одлизгување; Плужење, плужно вртење; Обука во користење на жичара и ски лифт; Вртење со престапување; Вртење со плужен престап; Основно кривулесто движење; Брзо кривулесто движење; Скијање по нерамен терен, теренско возење; Основни техники на нордиско трчање; Скијање со борбена опрема и оружје; Ставови за гаѓање од скии; Организација на живот и работа на планина во зима (изработка на разни престојувалишта и засолништа во снег и организација на живот и работа  во направените објекти)