Национална безбедност

Код
ZL801
Циклус на студии
Прв циклус на студии
Семестар
7 Седми семестар
Неделен фонд
2+2
Кредити
3
Задолжителност
Задолжителен

Цели на предметната програма (компетенции): Питомците и студентите да се здобијат со  основни познавања и разбирања на организацијата, поставеноста и функционирањето на националната безбедност,  различните извори на загрозување на безбедноста, организирање и функционирање на безбедносен систем, како и местото и улогата на Системот за кризен манаџмент заштита и спаување во рамки на Националната безбедност.

Содржина на предметната програма:

Безбедноста како функци-ја на државата(Поимовно-теоретско определување на безбедноста и безбедносниот систем, заштитна функција на државата, атрибути и функции, национална и државна безбедност, меѓународна безбедност, интегрална безбедност, заедничка безбедност, транснационална-светска безбедност); Национална концепција за безбедност и одбрана (Интереси на Република Северна Македонија, безбедносно опкружување, ризици и опасности по безбедноста, безбедносни можности, политика на нацио-нална безбедност, менаџмент со кризи); Национален безбедносен систем (Облик на политичкиот систем, темелни вредности на уставниот поредок, поим, општи осврт на Националниот безбедносен систем, структура и задачи, основни карактеристики);Стратегијата за одбрана на Република Северна Македонија и цивилно-воени односи (Правна рамка, опкружување, вредности и интереси, одбрана, војската и воените интер-венции, цивилна контрола над војската, каракте-ристики на цивилно-воените односи); Воена и цивилна одбрана (Општо за системот за одбрана, дефинирање и поделба на постојаниот состав, видови, родови и служби, Закон за одбрана на РСМ, Закон за служба во армијата, цивилна одбрана, субјекти на системот за одбрана); Колективна безбедност и одбрана (Општо за колективната безбедност и одбрана, појава, класификација и историски развој, системи за колективна безбедност и одбрана, лига на народите, ООН, ОБСЕ, ЕУ, НАТО); Класични и современи облици на загрозувања (Поим, суштина и класификација на загрозувањето, цел и значај на облиците на загрозувања, причини и мотивираност, надворешни облици на загрозувања, внатрешни облици на загрозување, глобални облици на загрозување); Современиот тероризам како облик на современо загрозување; Војната како облик на загрозување (Правна природа на војна, поим и класификација, ограничувања и забрани на војната, повелбата на ОН и војната).