Муниција и експлозивни материи(МЕМ)

Код
IL6051
Организатор на студиската програма
Циклус на студии
Прв циклус на студии
Семестар
6 Шести семестар
Неделен фонд
2+2
Кредити
4
Задолжителност
Задолжителен

Цели на предметната програма (компетенции): Студентите да се стекнат со фундаментални знаења од областа на муницијата и експлозивните материи (ЕМ), како би ја согледале поврзаноста на конструкцијата со практичната употреба кај овие средства; Да се развие доверба во сигурноста и надежноста на муницијата и експлозивите во текот на експлоатацијата; Да се развие чувство на перманентна грижа за правилно складирање, одржување и транспорт на овие средства.

Содржинана предметната програма:Основни поими сврзани со експлозивните материи и муницијата; Класи­фикација, технологија на добивање и карактеристики на ЕМ; Класификација, конструкциски карактеристики и ефикасност на мунициските проектили врз целта; Конструкција и класификација на мунициските запалки; Современа методологија за одржување на муницијата и експлозивните средства; Определување на билансот на кислород на ЕМ; Конструкциски карактеристики и класификација на муницијата според намената и видот на оружјето; Експериментални методи за испитување на ЕМ; Определување на ефикасноста на мунициските проектили; Системи на обележување (означување) на муницијата и експлозивните материи; Систем на складирање, чување и основно одржување на муницијата и ЕМ.