Цели на предметната програма (компетенции): Питомците и слушателите треба да стекнат основни математички знаења и техники кои ќе им овозможат континуирано следење на натамошни специјализирани курсеви и надградба во науки од природно-математичката област. Изучувањето на материјата ќе придонесе кон развивање на интелектуалните способности на студентите, смислата за истражување, формирањето на работни навики, систематичноста, прецизноста, критичкото размислување и истрајноста во работата.
Содржина на предметната програма.Интегрално сметање: Неопределен интеграл. Определен интеграл.Несвојствени интеграли. Примена на определениот интеграл. Функции од две реални променливи: Основни поими. Диференцијално сметање кај функции од две реални променливи. Екстремни вредности. Двојни интеграли. Обични диференцијални равенки (ОДР): Поимот на ОДР. Некои основни типови на ОДР. Комплексни броеви и комплексни функции: Поим на комплексен број, форми и операции. Поим на комплексна функција. Елементарни комплексни функции. Аналитичност на комплексна функција. Интеграл на комплексна функција. Кошиева интегрална формула. Лапласова трансформација и нејзина примена. Фуриева трансформација и незина примена.