Логорување 2 и обука на вода и пливање

Организатор на студиската програма
Циклус на студии
Прв циклус на студии
Семестар
4 Четврти семестар
Кредити
2
Задолжителност
Задолжителен

Цели на предметната програма (компетенции):

Целта на првиот дел од предметната програма (ЛОГОРУВАЊЕ 2) е питомците да ги прошират своите знаења од одделенската воена обука и да се здобијат со нови теоретски и практични знаења од општа воена обука на ниво на вод и со квалитетна обработка на овие теми да се создадат услови за успешно совладување на обуката во наредните фази. Питомците да се оспособат во тактички работи во состав на вод и во улога на командир на вод да можат успешно да командуваат и раководат со вод при реализација на поставените задачи.

Целта на вториот дел од предметната програма (ОБУКА НА ВОДА И ПЛИВАЊЕ) е питомците да ги совладаат техниките на пливање; да се обучат во техниката на веслање; да се запознаат и обучат во техниките на спасување и укажување на прва помош при несреќи на вода и да се обучат и извежбаат во одредени тактички – борбени постапки на вода.

Содржина на предметната програма:

I-дел: Движење; Заседа; Вод во офанзивни борбени дејствија; Борба против ДТГ; Вод во дефанзивни борбени дејствија; Подготовка и извршување на гаѓање; II-дел: Вежби за обука на непливачи; Обука во различни техники на пливање; Гнурење, скокови и свртување во вода;

Обука во веслање; Обука во совладување на водени пречки со помош на прирачни средства со и без облека; Спасување и оживување на давеник; Основи на безбедност при пливање, њурење и веслање; Типови на прикриено движење во вода; Формации на движење во вода;

Извршување на препадни дејствија.