Логорување 1

Организатор на студиската програма
Циклус на студии
Прв циклус на студии
Семестар
2 Втор семестар
Кредити
2
Задолжителност
Задолжителен

Цели на предметната програма (компетенции):

Питомците да се здобијат со основните теоретски и практични знаења од основната воена обука(поединец – тим/одделение), и со квалитетна обработка на овие теми, да се создаде една квалитетна основа за надоградба на овие знаења во наредните делови од обуката. Исто така питомците да се оспособат за изведување на основните тактички работи и постапки на боиштето и успешно да командуваат во извршување на овие тактички работи и постапки.

Содржина на предметната програма:

Идентификација и откривање на противпешадиски мини; Маскирање и изработка на засолништа за дејство и заштита; Мерење на карта; Ориентација на земјиште; Движење по непознато земјиште; Набљудување; Борбени постапки на војник во движење; Борбени постапки на војник во напад; Борбени постапки на војник во одбрана; Борбени вежби; Блиска противоклопна борба; Стрелачко одделение во офанзивни борбени дејства; Стрелачко одделение во дефанзивни борбени дејства; Подготовка и извршување на гаѓање (вежба 1-Подготовка за гаѓање); Подготовка и извршување на гаѓање (вежба 2-Реализација на гаѓање)