Лидерско и организациско однесување(ЛОО)

Код
ZZ502
Организатор на студиската програма
Циклус на студии
Прв циклус на студии
Семестар
5 Петти семестар
Неделен фонд
2+2
Кредити
4
Задолжителност
Задолжителен

Цели на предметната програма (компетенции):Питомците и студентите да добијат основни теоретски знаења од областа на раководењето и лидерството во современата воена организација и да се оспособат за правилно и вешто раководење со основните тактички единици. Принципот изведувањето на наставата опфаќа систематизиран пристап на себеспознавање и себе-лидерство, преку препознавање на силни и слаби страни, креирање на лична анализа и план за справување со слабостите и јакнење на силните страни, преку развивање на вештини за тимска работа, интерперсонална комуникација и мотивирање, до градење на релации со потчинетите, согледување на лидерските стилови и осознавање на личниот лидерски стил, сѐ со цел да се истакне и зајакне лидерскиот потенцијал кај питомците.

Содржина на предметната програма: Интегритет и лидерство, Лидерски mindset и важноста на Growth mindset за лидерите, Важноста на критичко размислување во лидерството и користењето за креирање на визија, Важноста на самодисциплина и улогата на емоционална интелигенција во лидерството, Карактеристики на воените лидери, Важноста на упорноста, доследноста и храброста, Процес на решавање на проблеми и улогата на менаџментот во спроведување на решенијата, Градење на релација со потчинетите и тимско лидерство, Ситуационо лидерство, Лидерски стилови, Организациска култура, Токсично лидерство, Мотивација и самомотивација, Комуникациски вешини и лидерство.