Комуникациски вештини и ораторство(КВО)

Код
ZL403
Организатор на студиската програма
Циклус на студии
Прв циклус на студии
Семестар
4 Четврти семестар
Неделен фонд
2+2
Кредити
4
Задолжителност
Задолжителен

Цели на предметната програма (компетенции):Питомците/студентите да се стекнат со основните теоретски знаења од областа на комуникацискиот процес и видовите на комуникација, да ги доразвијат своите комуникациските вештини и да го разберат значењето на нивната правилна употреба во насока на водење ефективна комуникација во процесот на ефективното и ефикасно извршување на поставените задачи. Да ги увидат бариерите за ефективна комуникација и да ги совладаат начините за нивно надминување. Да ја осознаат различната динамика на комуникациски процеси во секоја од фазите на развој на групата во тим. Да ги увидат спецификите на комуникациските процеси во рамките на хиерархиските организациски структури. Да ја осознаат важноста за соработка со медиумите во процесот на комуниција со јавноста во текот на извршувањето на работните задачи. Теоретски и практично да се запознаат со постапките, техниките и правилата за подготвка на ефективен јавен настап на различни видови медиуми.

Содржина на предметната програма: Комуникација и комуникациски вештини: Елементи на Комуникациски процес; Видови и значење на различните видови на комуникација( вербална, паравербална и невербална);Техники на прашување; Активно слушање; Повратна реакција и правила на повратна реакција (Фидбек); Емоционалната интелигенција како важен аспект на комуникцијата; Ефективна комуникација и Бариери во комуникација; Тимска комуникација и фази во тимската комуникација;

Односи со медиумите: Запознавање со различните видови медиуми и нивното влијание врз јавноста; Основни правила на односите со медиумите; Подготовка за ефективен медиумски настап ;Техники за ТВ и Радио интервју и изјава; подготовка на говор според формулата за успешен говор; Подготовка на соопштение за јавноста; Подготовка и одржување на брифинг за медиумите. Кризна комуникација;