Цели на предметната програма (компетенции): Совладување на научните принципи, концепти и методологии неопходни за разбирање на хемиските процеси во животната средина. Идентификација и анализа на проблемите во животната средина создадени од самата природа или човекот, како и определување на ризиците, превенција на истите и изнаоѓање на алтернативни решенија.
Содржина на предметната програма:Предмет на изучување на хемијата на животната средина. Поделба и опис на системите на животната средина (атмосфера, биосфера и литосфера). Хемиски циклуси во природата. Загадување на животната средина: загадување на воздухот, водата и почвата; материјали и циклуси на материјалите; енергија и движење на енергијата; технолошки развој. Загрозеност на животната средина: промена на климата, озонска обвивка, биодиверзитет, отпад и др. Современи концепти за заштита на животната средина.