Експлозивни ефекти и апликации(ЕЕА)

Код
IL6052
Организатор на студиската програма
Циклус на студии
Прв циклус на студии
Семестар
6 Шести семестар
Неделен фонд
2+2
Кредити
4
Задолжителност
Задолжителен

Цели на предметната програма (компетенции): Студентите да се стекнат со фундаментални знаења од областа на ефектите од муницијата и експлозивните материи (ЕМ), како би ја согледале повр­заноста на конструкцијата со практичната употреба кај овие средства; Да се развие доверба во сигурноста и надежноста на муницијата и експлозивите во текот на експлоатацијата; Да се развие чувство на перманентна грижа за правилно складирање, одржување и транспорт на овие средства.   

Содржинана предметната програма:Основни поими сврзани со експлозивните материи и муницијата; Хемија на експлозивните материи; Класификација, конструкциски карактеристики и ефикасност на мунициските проектили врз целта; Експлозивно формирани проектили; Конструкција и класификација на мунициските запалки; Оценување на опасноста од експлозиви и горива; Определување на ефикасноста на мунициските проектили; Системи на обележување (означување) на муницијата и експлозивните материи; Безбедно ракување со ЕМ и муниција.