Во светот на артилеријата, прецизноста, точноста, брзината и масовноста на огнот се круцијални за остварување на мисијата. За ова да стане реалност, подготовката и извежбувањто се најважни.
На 27.11.2024 година питомците од 4. година од родот артилерија, во рамки на наставата за време на семестарот, реализираа подготвителното гаѓање на рб.17 со хаубички вод 105mm со вметната цевка 20mm, организирано од артилерискиот баталјон од 1.пбр.
Огласи
11.11.2024
Конкурси
22.11.2024
11.11.2024
Соопштенија
Прелиминарна ранг листа конкурс за запишување студенти за потребуте за управување со кризи и заштита и спасување на прв циклус
09.10.2024
Прелиминарна ранг листа конкурс за запишување студенти за потребуте за управување со кризи и заштита и спасување на прв циклус на студии на Воената
Воената академија коорганизатор на Регионална работилница за сајбер и хибридни закани во ЈИЕ која се реализира во Тирана, Албанија
03.10.2024
Дводневната Регионална работилница на тема „Индивидуални и регионално базирани сајбер и хибридни закани и предизвици во Југоисточна Европа“ сереализираше во Тирана, Албанија, во период од 02 до 03 октомври 2024 година. Работилницата е организирана од страна на RACVIAC – Центар за безбедносна соработка, Министерството за одбрана на Албанија и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ од Скопје, и е дел од пошироката иницијатива „Зајакнување на отпорноста на ЈИЕ во сајбер безбедноста против хибридни закани.”
Работилницата официјално ја отворија Н.Е. амбасадор Константин-Михаил Григори, директор на RACVIAC, г. Дориан Тола, заменик министер за одбрана на Албанија, и потполковник проф. д-р Димитар Богатинов, претставник на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски.“
Зајакнување на академската соработка и и унапредување на капацитетите во областа на сајбер-безбедноста: посета на делегација на Воената академија на Универзитетот за јавна служба Лудовика
02.10.2024
Од 23-25 септември 2024 година, делегација од Воената академија, предводена од деканот проф. д-р Митко Богданоски, полковник, во придружба на продеканката вон. проф. д-р Невена Серафимова и Еразмус координаторот доц. д-р Љупчо Шошоловски го посети Универзитетот за јавна служба Лудовика во Будимпешта, Унгарија. Оваа посета означи важен чекор на двете институции во унапредувањето на меѓусебната академска соработка, како и соработка во областа на воената обука и сајбер безбедноста.
Конференција за проектот СЕТОФФ и нови можности за соработка и придонес во областа на управувањето со кризи
02.10.2024
Конференцијата на проектот SETOFF насловена „Идни насоки за креирање на обуки и иновации за управување со ризиците во локалните заедници“ се одржа на 30 септември 2024 година во Скопје. Настанот привлече значителен број на учесници од различни сектори од централната и локалната власт, како и експерти во областа на управувањето со ризици и кризни ситуации. Темата на конференцијата беше посветена на важноста на раниот одговор на ризиците и примената на иновативни алатки за зајакнување на капацитетите на заедниците во справување со кризи.
КОНЕЧНА РАНГ-ЛИСТА НА КОНКУРСОТ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ/ПИТОМЦИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА И НА АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И СТУДЕНТИ ЗА ПОТРЕБИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ И ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ
23.09.2024
КОНЕЧНА РАНГ-ЛИСТА НА КОНКУРСОТ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ/ПИТОМЦИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА И НА АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И СТУДЕНТИ ЗА ПОТРЕБИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ И ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ
Започна вториот модул од Регионалниот курс за стратешко лидерство
17.09.2024
Денес, во Охрид, официјално започна Вториот модул на Регионалниот курс а стратеко лидерство (RSLC), коорганизиран од Воената академија “Генерал Михаило Апостолски” и Националната одбранбена академија на Австрија, поддржан од Министерството за одбрана. Курсот, кој ќе трае од 16 до 20 септември, се фокусира на клучните регионални и глобални безбедносни предизвици, со учество на национални високи претставници од разни институции, како и претставници од Австрија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.
За време на отворањето на курсот, деканот на Воената академија, проф. д-р Митко Богданоски, полковник, одржа воведно излагање во кое ја нагласи важноста на соработката и размената на знаење. Тој истакна дека учеството на високи претставници од различни институции од повеќе држави, е од суштинско значење за справување со сложените безбедносни проблеми со кои се соочува регионот.