Во рамки на проектот на Еразмус+ проектот со наслов: „Интеграција на дигиталното учење во образовните програми“ во период од from 25-30.03.2023 година во просториите на Universidade Lusofona – Португалија се одржа повеќедневна ЛТТА активност во која, освен учесници од Воената академија, активно учествуваа 8 претставници Universidade Lusofona – Португалија.
Проектот има за цел да ги подигне дигиталните вештини кај студентите и истиот се заснова на дигитална компетентност која е една од 8-те основни компетенции предложени од Европскиот парламент и Советот за доживотно учење. Дигиталната компетентност вклучува безбедна и критичка употреба на технологијата на информатичкото општество (ИСТ) за: деловни активности, комуникација и ефикасна мрежна соработка. Ова е поддржано од основни вештини на современата информатичка технологија: употреба на компјутери за примање, проценка, складирање, производство, презентирање и размена на информации и комуникација и учество во информатички мрежи за соработка.
Цели на проектот: Студентите на партнерските држави до крајот на 2022 година да се здобијат со следниве компетенции:
- Целосно подобрување на информатичките компетенции за да бидат во тренд со можностите на информатичката технологија во XXI-от век
- Подобрени компетенции за анализа на дигитални информации
- Подобрени компетенциите за дигитална комуникација и соработка
- Подобрување на компетенциите за производство и обработка на дигитални содржини
- Унапредување на дигиталните безбедносни компетенции
- Зголемени компетенциите за решавање дигитални проблеми
- Целосно унапредување на образовниот процес на студентите преку користење на современи дигитални програми, апликации и алатки.