Продеканот за настава и НИР, Вонреден професор д-р Методи Хаџи-Јанев, полковник учествуваше во улога на поканет говорник на семинар насловен: “Defense and resources management: Transition of the Military education Systems in SEEII“, кој се одржа во период од 10 – 13 март, 2015 година, во организација на РАКВИАК Центарот за безбедносна соработка, кој се одржа во Марибор, Словенија. Продеканот Хаџи-Јанев одржа две предавања на следните теми: “Contemporary challenges in military education” и “Future perspectives of military education, 21st century challenges –regional aspect SEE”. Во текот на смеинарот учесниците кои беа над 30, од Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија, Словенија, Хрватска и Црна Гора дискутираа за предизвиците и динамиката во военото образоваие. На Хаџи-Јанев, во улога на предавачи мусе приклучија и D-r Herald Gell, полковник од Воената акадмеија во Австрија, D-r Uros Svete од универзитетот во Љубљана, Словенија, D-r Davor Petrinovic, од универзитетот од Загреб, Хрватска, Sylvain Paile, истражувач од Белгија и деканот на Балтичкиот одбранбен колеџ, од Естонија, D-r Augustine Meaher IV.
12.03.2015