Питомците од родот врски имаа можност да ја посетат и да се запознаат со работата на агенцијата за електронски комуникации (АЕК)

19.12.2014

На ден 04.12.2014 год., питомците од  родот врски од четврта година на Воената Академија “Генерал Михајло Апостолски”, предводени од потполковник д-р Митко Богданоски и капетан м-р Димитар Богатинов имаа можност да ја посетат агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и да се запознаат со опремата и техниката со која тие располагаат, и начинот на работа на истата.

Главната цел на оваа посета беше питомците подетално да се запознаат со начинот на распределба на фреквенциите и откривање на радиостаници кои работат без Одобрение за користење на радиофреквенции. Питомците исто така имаа можност да се запознаат со мобилните радио мониторинг станици со кој располага секторот за контрола и мониторинг.
Сето ова беше презентирано од страна на раководителот на секторот за контрола и мониторинг на радиофреквенции Александар Грамбозов, на кој што јавно сакаме да му се заблагодариме за одвоеното време и деталната презентација за работата на агенцијата.
Оваа посета за питомците претставуваше одлична можност да се стекнат со нови знаења од областа на контрола и мониторинг на радиофреквенции кои ке можат да ги применат во понатамошното работење.

 

GALLERY