Разговори за можна соработка со норвич универзитетот од сад

27.08.2014


На 18 август во посета на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје како придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип беа професор Phil Susmann кој е Претседател на Norwich University Applied Research Institutes и Потпреседател на Strategic Partnerships во Norwich University и професор Frank Thomas Vanecek кој е Претседател за технологија и Декан на School of Business and Management во Norwich University.

Делегацијата беше примена од Продеканот за настава и НИР, полковник д-р Славко Ангелевски, вонред. проф., и Раководителот на катедрата за безбедност, кризен менаџмент, заштита и спасување, полковник д-р Методија Дојчиновски, доцент. На средбата се разговараше за можната соработка помеѓу Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје и Norwich University од САД.

Оваа висока делегација од реномираниот универзитет од САД во рамките на својата посета имаше средби и со Претседателот на РМ, г-динот Ѓорѓе Иванов, со Премиерот на Владата на РМ, г-динот Никола Груевски и со преставници од Универзитет за информатички технологии и науки „Свети Апостол Павле“ Охрид.


GALLERY